ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тошковски за апсењето на членот на обезбедување на премиерот: МВР неселективно се бори против криминалците во своите редови

April 3, 2025 11:54
in ДЕНЕС, ХРОНИКА

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во врска со случајот за уапсениот член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој е осомничен за кривично дело „оддавање службена тајна“, истакна дека ова е еден од случаите каде што МВР покажува дека неселективно се бори против криминалците во своите редови.

– Многу кривични пријави во минатото се поднесени против криминалците во редовите на МВР, така е постапено и во овој случај. Одделот за внатрешна контрола во рамки на спроведувањето на истрагата по добиени информации во рамки на одделот известил надлежен јавен обвинител кој што се согласил и дал наредба да бидат преземени дејствијата истата вечер. По спроведување на предметната акција, извршени се и повеќе претреси кај полициски службеници исклучиво од страна на Одделот за внатрешна контрола при што се пронајдени одредени докази во насока на стореното кривично дело, посочи Тошковски во изјава за медиуми по јавната дебата по повод Неделата на пешаците што се одржа во Идризово.

Додаде дека македонските граѓани заслужуваат полиција која што ќе ги штити.

-Сакам да им порачам на сите оние недобронамерници и предавници на својот род, имајќи предвид на криминалците во МВР дека неселективно и бескомпромисно ќе се бориме против истите. Македонските граѓани заслужуваат полиција која што ќе ги штити, а не која што ќе ги рекетира, рече тој.

На прашањето дали е вознемирен што токму од нивните редови доаѓа овој случај, одговори дека сите во МВР се вознемирени.

– Сите во МВР се вознемирени кога гледаат дека некој криминалец се прикривал со униформа, без разлика дали таа униформа е свечена, тактичка или униформа која што ја носат припадниците на одделот за обезбедување на имот и лица, посочи министерот.

Тошковски не сакаше да открие повеќе детали од истрагата, посочувајќи дека кога ќе ги имаат потребните информации ќе ги споделат со јавноста.

Член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, Ангел Сарамаков, беше уапсен и му беше одреден 30-дневен притвор. Сарамаков, кој е полицаец од 6-тата Управа на МВР, е осомничен за кривично дело „оддавање службена тајна“.

Next Post

Колку поголема ли ќе беше царината ако Мицкоски и Муцунски не го “запоседнаа Вашингтон”?

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk