ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Белата куќа побара од агенциите да развијат стратегија за проширување на употребата на вештачка интелигенција

April 8, 2025 10:05
in ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, ДЕНЕС, СВЕТ

Белата куќа соопшти дека побарала од федералните агенции да назначат главни лидери за вештачка интелигенција и да развијат стратегии за проширување на употребата на вештачката интелигенција во извршната власт, со што ќе се укинат регулативите од мандатот на Бајден кои имаа за цел да воведат заштитни мерки за користење на таа технологија.

– Агенциите мора да усвојат напреден и про-иновациски пристап кој ќе ја искористи оваа технологија и ќе придонесе за обликување на идните владини операции, се наведува во упатствата.

Упатствата отповикуваат две наредби издадени за време на поранешната администрација на претседателот Џо Бајден. Со една од нив од агенциите се бараше да спроведат мерки за заштита на човековите права и да се обезбеди транспарентност, а со другата да се ограничи употребата на вештачката интелигенција.

Претседателот Доналд Трамп веќе ја укина извршната наредба на Бајден од 2023 година, со која се намалува ризикот од вештачката интелигенција, барајќи од програмерите да разменуваат податоци.

Упатствата испратени во понеделникот бараат од агенциите „да развијат стратегија за вештачка интелигенција која ќе ги идентификува и отстрани пречките за одговорно користење на вештачката интелигенција и ќе постигне подобрувања во нејзината примена“ во рок од шест месеци.

Белата куќа соопшти дека повеќе нема да воведува „непотребни бирократски ограничувања за употребата на иновативната американска вештачка интелигенција во извршната власт“.

Втората директива наведува дека Белата куќа сака да спроведе „ефективна имплементација на вештачката интелигенција во Владата“ и дека бара од агенциите да се фокусираат на интероперабилноста.

Агенциите мора да „да ја зголемат употребата на вештачката интелигенција произведена во Америка до најголема можна мера“, се додава.

Белата куќа објави дека со новиот пристап ќе се укине напорниот процес на известување и ќе се оптимизира процесот на аплицирање и ќе продолжи да се штити приватноста.

Многу владини агенции се охрабруваат да користат вештачка интелигенција за да решат голем број прашања. Федералната управа за авијација, на пример, користи машинско учење и моделирање јазик за скенирање извештаи за инциденти и пребарување повеќе извори на податоци за да ги открие ризиците во авијацијата.

Tags: агенцииБела Куќавештачка интелигенција
Next Post
Скриншот

Ерупција на вулканот Канлаон на Филипините, чад на висина од 4.000 метри

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk