Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против С.С.(60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“ кои ги направил додека бил директор во ЈКП „Брегалница“-Делчево. На тој начин, С.С. нанел штета на јавното претпријатие за наведената сума од 50.909 денари.
Пријавениот, во периодот од 31 јули 2024 до 24 март 2025, иако знаел и бил должен да знае, во повеќе наврати дозволил вработени да управуваат службени моторни возила кои не биле технички исправни и не биле регистрирани.
При извршени контроли, од полициски службеници од ОВР Делчево е констатирано дека возилата не биле регистрирани подолг период и биле издадени неколку прекршочни платни налози со вкупен износ од 50.909 денари, кој бил платен од пријавениот. Со извршувањето на овие кривични дела С.С. нанел штета на јавното претпријатие за наведената сума од 50.909 денари.