ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Новите санкции против Иран и намалените резерви во САД ја зајакнаа цената на нафтата

April 23, 2025 16:25
in ДЕНЕС, СВЕТ

Цената на нафтата порасна денеска поттикнатa од повеќе фактори како новите американски санкции против Иран и значителното намалување на резервите на сурова нафта во САД, но и поумерениот тон на претседателот Доналд Трамп кон шефот на Федералните резерви, Џером Пауел.

Фјучерсите на нафтата од типот Brent се зголемија за 1,16 отсто, достигнувајќи околу 68,22 долари за барел, додека американската нафта WTI поскапе за 1,21 отсто, до 64,44 долари за барел.

САД вчера воведоа санкции против иранскиот магнат Сеид Асадолу Емамџомех, кој се занимава со транспорт на течен нафтен гас и сурова нафта во Кина. Санкциите опфаќаат и мрежа на негови компании, чиј промет, според проценките на Министерството за финансии на САД, изнесува стотици милиони долари.

Во меѓувреме, во неделата заклучно 18 април, залихите на нафта во САД се намалија за 4,6 милиони барели, соопштија извори повикувајќи се на податоци од Американскиот институт за нафта (AПИ).

Подоцна денеска треба да бидат објавени и официјалните податоци од Управата за енергетски информации на САД (EИA). Очекувањата на аналитичарите се дека за минатата недела ќе има дополнително намалување на залихите на нафта од околу 800.000 барели.

По серија критики упатени кон Пауел во изминатите денови, Трамп синоќа изјави дека не планира да го разреши раководителот на Федералните резерви. Претседателот исто така навести дека американските царини за увоз од Кина би можеле да бидат намалени, што ги зголеми надежите за пораст на побарувачката на енергенси. Истовремено, кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека САД треба да престанат со закани и принуда доколку сакаат да постигнат трговски договор.

Во меѓувреме, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во вторникот ги намали прогнозите за економски раст за САД, Кина и повеќето други земји, повикувајќи се на влијанието на американските царини кои се на највисоко ниво во последните 100 години.

Tags: ИраннафтаСАДсанкции
Next Post

Подеста: Предуслов за укинување на санкциите кон Русија е прекин на инвазијата и повлекување на руските сили од Украина

НАЈНОВО

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

Утре посвежо со локален пороен дожд и грмежи, од вторник пораст на температурата

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk