ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Ердоган по средбата со Мелони: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија

April 29, 2025 17:20
in ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија со нови проекти, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Ќе продолжиме да ја зајакнуваме соработката во областа на одбранбената индустрија со Италија, во која е постигнат значителен напредок, а се предвидуваат и нови партнерства и проекти“, рече Ердоган по средбата со италијанската премиерка Џорџа Мелони во Рим.

Зборувајќи на заедничката прес-конференција со Мелони, Ердоган рече дека лидерите поставиле нова годишна цел од 40 милијарди долари трговска размена меѓу двете земји.

Италијанската премиерка Мелони истакна дека пет години однапред ја надминале целта од 30 милијарди долари во трговската размена поставена на последниот меѓувладин самит.

„Сега поставивме нова цел, односно на среден рок трговијата да достигне 40 милијарди долари. Потребно е многу работа, но двајцата можеме да сметаме на динамиката на нашите компании. Заедничката декларација што ја усвојуваме ја потврдува цврстината на нашите односи и денес ги поставува темелите за понатамошно зајакнување на нашето партнерство“, додаде Мелони, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Ердоган пристигна денеска во Рим за да учествува на четвртиот меѓувладин самит на Турција и Италија, на покана од Мелони. Тој беше свечено пречекан од Мелони во резиденцијата Вила Памфили во Рим. По свечениот поздрав од почесната гарда, двајцата лидери се ракуваа и позираа за фотографите.

На самитот стана збор за чекорите за унапредување на соработката меѓу Турција и Италија, како и за актуелни регионални и глобални прашања. Предвидено е потпишување на неколку билатерални договори што ќе ја зацврстат правната основа на односите, а исто така ќе се одржи и бизнис-форум со учество на претставници од деловните заедници на двете земји.

Ердоган е придружуван од високи турски претставници и советници, меѓу кои министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за национална одбрана Јашар Ѓулер, министерот за индустрија и технологија Мехмет Фатих Каџир, министерот за трговија Омер Болат, министерката за семејство и социјални услуги Махинур Оздемир Ѓокташ, министерот за млади и спорт Осман Ашкин Бак, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, директорот на Националната разузнавачка организација Ибрахим Калин, директорот за комуникации Фахретин Алтун, главниот советник на претседателот за надворешна политика и безбедност Акиф Чагатај Килич, како и директорот на Агенцијата за одбранбена индустрија Халук Ѓоргун.

Tags: ЕрдоганИталијаМелониТурција
Next Post
„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Снимав и си плачев во себе на Маршот за ангелите

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk