ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Дебата: Независната сцена во услови на поларизација

May 6, 2025 16:26
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во организација на ЗГ  Есперанца, Светски културен центар, во партнерство со Центар Јадро и ИМА, ќе се одржи јавна дебата „Важноста на Независната сцена во услови на поларизација“ што ќе се одржи во КСЦ Центар Јадро, на 07 мај, во 19 часот. Говорници ќе бидат Искра Гешоска, Мања Величковска, Роберт Алаѓозовски, а дебата ќе ја модерира Тијана Спасовска.

„Независната културна сцена е повторно турната на маргините. Во изминатите години имаше знаци на зголемена поддршка и успешни примери како хибридната институција Јадро Центар. Со последните промени, новоименуваното Министерство за култура и туризам ја откажа проектната програма за интердисциплинарни проекти и повеќекратно ја намали поддршката за проектите на Независната сцена.

Во услови на зголемена поларизација, на повлекување на странските донатори, на пренасочување на вниманието кон најранливите актери, потребата од засилена помош за Украина, Независната сцена се
соочува со закана за нејзиното опстојување. Целта на оваа јавна дебата е да се преиспита и уште еднаш да се укаже на важноста од постоењето на Независната сцена за културната демократија, плурализмот на уметнички изрази и развојот на критичкото мислење.

Независната културна сцена е цветот на современата култура, зародиш на иновативни и експериментални културни практики и промотор на македонската креативност во светот.

Потребен е поголем слух за нејзината важност, системска поддршка и стабилни услови за развој од сите нивоа на власт.“

Јавна дебата „Важноста на Независната сцена во услови на поларизација“ е дел од проектот „Интеркултурен хаб Скопје“ на ЗГ Есперанца Светски културен центар, Институтот за медиуми и аналитика и Центар Јадро Скопје. Поддржан е од програмата „Ваха 3: Усвојување на јавните простори преку уметноста и културата во солидарност“.

Ваха е Иницијатива на Анадолу култур и Зуса, финансирана од Фондацијата Меркатор и
Европската културна фондација“.

Next Post

Триесет дена од „уште денес” на Мицкоски

Shortcut

Најново

Филипче: Арамиски концепт на владеење на Мицкоски – лаги, тајни постапки и милионски партиски тендери

September 10, 2026

ВИ-апокалипса? Предупредувањето не е пророштво

September 10, 2026
Томислав Османли. Фото лична архива

Нов расказ на Томислав Османли објавен во реномираното грчко книжевно списание „Трака“

September 10, 2026

Мицкоски тврди дека концертите чинеле нула денари, СДСМ обвинува дека се платени со народни пари преку Државна лотарија

September 10, 2026
Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk