Конечно пристигна долгоочекуваниот последен трејлер за филмот „Суперман“ на „Ди-си студиото“ (DC Studios).
Во филмот глумат Дејвид Коренсвет (како Кларк Кент / Супермен) и Рејчел Броснахан (Лоис Лејн), a раскажува за вмешаноста на суперхеројот во странска војна. Во трејлерот ги гледаме и споредните ликови: Лекс Лутор (Николас Хулт), Џонатан Кент – посвоителот на Супермен (Прут Тејлор Винс), Мистер Терифик (Еди Гатеги), Хокгрл (Изабел Мерсед) и Грин Лантерн (Нејтан Филион).
Режисер е Џејмс Ган, а сценариото тој го работеше со Џери Сигел и Џо Шустер. Новиот филм „Супермен“ излегува на 11 јули.