Годинашново, 38. издание на Фолк фест „Валандово“, ќе се одржи вечер во фестивалската сала „Јанко Узунов“.Во рамки на фестивалот ќе бидат исполнети 22 новосоздадени македонски песни.
На фестивалското издание му претходеше одржување на една предфестивалска вечер, а втората, која требаше да се одржи синоќа, заради обилните врнежи од дожд е откажана и ќе се одржи утре. На неа ќе настапат Каролина Гочева, Тајзи и Ике де Кока.
Во ревијалниот дел на фестивалското издание ќе настапи доајенот на македонската песна, Перо Христов, а наградите се доделуваат со гласање на публиката во салата и стручното жири.
Фестивалската вечер ќе биде директно пренесувана на МРТВ.
Првото издание на Фолк фест „Валандово“ се одржа пред 40 години.