ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Координатори на пратенички групи: Предлог-законот за заштитна безбедносна зона околу Собранието е за заштита од градење на приватни субјекти, а не за забрана на протести

June 3, 2025 13:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Собрание на Република Северна Македонија

Фото: Собрание на Република Северна Македонија

Координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Европски фронт денеска во изјава за медиумите истакнаа дека целта на Предлог на законот за прогласување на просторот околу Собранието на Република Северна Македонија за безбедносна зона има за цел да спречи приватни субјекти да градат приватни објекти блиску законодавниот дом, а не, како што посочија, за забрана на протести на граѓаните.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески нагласи дека целта на законското решение е начин за да се обележи целиот простор кој што треба да постои околу Собранието, кој што Собранието треба да го има во своја сопственост за да може сам да ги реализира проектите кои се предвидени таму.

-Апсолутно не. Свесни сте и вие дека во Собранието требаше согласно некои претходни постапки да се изгради приватен објект до самото Собрание и од таа причина се бараше катна гаража и од таа причина се бараше решение да се изнајде за надминување на тој проблем, односно просторот околу Собранието да остане само на Собранието. Зошто е даден насловот безбедносна зона на Собранието? Очигледно тоа е начинот за да се обележи целиот простор кој што треба да постои околу Собранието, кој што Собранието треба да го има во своја сопственост за да може сам да ги реализира проектите кои се предвидени таму, односно потенцијална катна гаража за Собранието без дополнителни некои приватни стопански објекти кои би се нашле на самиот објект. Ова е закон врз кој што е работено подолг временски период во којшто во работната група беа вклучени повеќе институции почнувајќи од Народен правобранител, Град Скопје, собраниските служби, Министерството за транспорт и врски, членови на Владата на кој сите заедно работеа по драфт верзијата.  Сите како координатори на пратенички групи во Собранието консензуално го потпишуваме ова законско решение за да се надмине само тој проблем, рече Мицески.

Мицески нагласи дека не се забрануваат протестите туку  како што рече, само се ограничуваат крајните коти на Собранието, а тоа е почетокот на булевар “11 Октомври” до Статистика, односно просторот што ќе припадне во сопственост на Собранието со кое ќе може да располага и да прави активности во склоп на него, а не приватни субјекти.

И координаторот на СДСМ, Оливер Спасовски истакна дека целта е да се заштити просторот околу Собрание за да не може некој приватен субјект да изгради било каков приватен објект на 2,5 метри до Собранието.

-Низ временски период тоа не е воопшто итна постапка. Во 2009 година тогашната Влада на ВМРО- ДПМНЕ продаде државно земјиште на 2,5 метри од Собрание на приватна фирма за да гради катна гаража и се водеа судски постапки. Вие сте сведоци дека со денот на конституирање на овој законодавен состав веќе започнаа со оградување на просторот за да се гради катната гаража и тоа апсолутно не може во ниту една нормална држава на 2,5 метри со Собрание да имате приватен сопственик на катна гаража коешто ќе се гради до објекти кои се од витални и национални интереси. Токму заради тоа, ова прашање се покрена веднаш по конституирање на Собранието и сега законското решение е готово. Тоа значи дека оваа зона се заштитува за да не може да биде понатаму злоупотребена. Може да му текне утре на било кој друг министер, градоначалник да продава дел од имот кој е имот на граѓаните и кој имот треба да им служи на институциите. Ова заштитена зона го решава тој проблем, да не може да се гради било каков објект ниту сега ниту понатаму освен за потребите на македонското собрание, рече Спасовски.

Блерим Беџети, пратеник на “Европскиот фронт” нагласи дека не е идејата да се ограничуваат протестите. Посочи дека заеднички се договориле заради сосема други цели.

Во Собранието на денешната 51. Седница како 14 точка е ставен Предлог на закон за прогласување на Просторот околу Собранието на Република Северна Македонија за безбедносна зона, со кој ќе се прогласи просторот околу законодавниот дом за безбедносна зона. Како автор на предлогот, кој се разгледува во скратена постапка, е потпишан лично претседателот на Собранието, Африм Гаши, заедно со колегата од „Вреди“, Беким Ќоку. Покрај нив двајца, овој предлог е поддржан и од претставници на сите други пратенички групи: Блерим Беџети, Борислав Крмов, Весна Бендевска, Никола Мицевски и Оливер Спасовски.

Next Post

Раст на цените во Хрватска: Инфлацијата меѓу највисоките во еврозоната

НАЈНОВО

Фото: МИА

Експлозија на неидентификуван објект во близина на границата на Полска со Украина

August 20, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk