ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Муцунски: Не можам да одговорам дали ќе има средба со Софија, но ние сакаме не една, туку повеќе средби и редовна комуникација

June 13, 2025 14:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска истакна оти тој не може да каже дали ќе има средба со претставници на Бугарија на маргините на Самитот на НАТО во Хаг, дека за тоа треба одговор да се бара од Софија, а она што, како што посочи, може да го каже е дека очекуваат повеже средби и редовна комуникација со нашиот сосед.

Муцунски денеска на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија, Петер Сијарто, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе има средба со бугарската страна во Хаг, посочи дека смета оти е нормално сите соседи да комуницираат не само по однос на политички прашања, туку и за се она што е од взаемен интерес.

-Не можам јас тоа да го одговорам, тоа ќе треба како прашање да го поставите во Софија. Јас ќе можам да ви одговорам што ние правиме и што ние очекуваме. Ние сакаме средба и средби и комуникација бидејќи сметаме дека е нормално сите соседи да комуницираат не само по однос на политички прашања, туку по однос на низа прашања, кои што нас не засегаат во билатералните односи. И ние секогаш ќе наоѓаме начин за комуникација врз основа на принципи, вредности, политики насочени за добробит на нашата држава со сите наши соседи, вклучително и со Бугарија. Но истовремено нема да отстапиме од поставени принципиелни позиции, рече Муцунски.

Тој додаде дека тоа е она што му го пренел во телефонскиот разговор и на неговиот бугарски колега Георг Георгиев.

-Сакаме соработка, сакаме да имаме комуникација, сакаме да имаме што повеќе средби. Средбата што ние ја имавме на почетокот на неговиот мандат во Минхен беше на наша иницијатива. Ги поддржуваме напорите, кои доаѓаат за одржување средби и во рамки на Самитот во Хаг и на сите други форуми и ќе даваме секогаш поддршка за се она што значи добри односи со сите наши соседи, рече Муцунски.

Министерот додаде дека истовремено тоа не значи отворање на каков било простор за отстапка во однос на тоа што е наша уврдена државна позиција и ја повтори позицијата, која, како што, кажа постојано ја изнесува во јавноста.

-Сметаме дека нашиот пат кон ЕУ треба да стане предвидлив, 20 години, не иритира создавањето на наратив на жртва, но факт е дека повеќе од 20 години сме жртва на постојаната билатерализација на нашиот европски  пат. Оваа Влада во својата прва година од мандатот успеа да обезбеди пристап до СЕПА, стана прва држава во регионот, која потпиша партнерство во делот на безбедноста и одбраната со ЕУ, прва обезбеди средства од Планот за раст од Реформската агенда, рече Муцунски и додаде дека за тоа се свесни сите во Европа, но свесни се и за спорот со Бугарија, за кој, како што кажа, треба да се најде начин за надминување.

-Треба да најдеме начин да се надмине таа препрека, за тоа нема дилема, ниту во Владата, ниту кај претседателката на државата, ниту кај кој било од нас,  верувам, ниту кај кој било од вас. Не смееме да дозволиме на патот до членството да бидеме понижени, погазени, да дозволиме да продолжи оној тренд, кој за жал се воспоставуваше од нашите претходници, од откажување од нашиот национален идентитет, од остапки во однос на нашиот јазик, од отстапки по однос на нашата историја, во однос на кое било наше идентитетско обележје, бидејќи што е една нација доколку нема свој идентитет. И тие се оние црвени линии, кои јасно и принципиелно ги воспоставуваме, потенцира министерот Муцунски.

Next Post

Сиљановска Давкова: Не е проблем да разговарам и со премиерот Жељазков, да дојде до израз европската креативност

НАЈНОВО

Коенигсег Џеско го победи Римац и си го врати рекордот за брзина за хиперавтомобили

August 18, 2025
Фото: Илустрација, генертирано со ВИ

Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

August 18, 2025

Лилјаците, „најнеправедно“ третираните животни на Земјата; човекот не смее да ги изгуби во природата

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk