ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Прво изградба на болниците во Штип и Кичево, а потоа и нов клинички центар во Скопје

June 26, 2025 16:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прво изградба на болниците во Штип и Кичево, а потоа и нов клинички центар во Скопје, најави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски,  одговарајќи на пратеничко прашање.

Премиерот Мицкоски посочи дека со кредитот од стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе се вложат над 200 милиони евра за изградба и реконструкци на клинички болници.

– Сакам да споменам дека повеќе од 200 милиони евра од кредитот ќе бидат инвестирање во довршување на штипската клиничка болница, изградба на Медицински факултет и студентски дом со 200 легла. Исто така изградба на болница во Кичево и целосна реконструкција на клиничката болница во Тетово и опремување за да можат да одговорат на потребите на пациентите, истакна Мицкоски.

Откако ова ќе биде завршено, дополни премиерот, ќе преанализираме за потребите на оној фамозен Клинички центар кој што конечно треба да се изгради, иако ќе ве потсетам дека во 2017 година постоеше завршена постапка, избран изведувач за што сега сме и на арбитража. – Тогашната Влада влезе и во нивен стил како што тие само знаат да го направат, го прекинаа договорот, го избркаа изведувачот и сега сме ние на арбитража и најверојатно поради таквото неодговорно однесување од владата на СДСМ и ДУИ, граѓаните ни криви ни должни ќе треба да плаќаат отштета, исто како што сега треба да го плаќаме оној солидарен данок 50 милиони евра зошто незаконски им бил одземен на фирмите од страна на претходната влада, рече  премиерот Мицкоски.

Тој нагласи дека здравството е главен приоритет на Владата.

– Факт е дека здравство било на маргините, дека е најголем проблем за граѓаните и исто така е факт дека е еден од нашите главни приоритети, подвлече Мицкоски, во одговор на прашање од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски за идните чекори за подобрување на здравствената инфраструктура.

Премиерот Мицкоски рече дека состојбата во здравството што ја затекнале била хаотична, а се осврна и на проектите за подобрување и унапредување на состојбите во овој сектор, споменувајќи ја како позитивен пример, меѓу другото и Клиниката за детски болести.

– Некогаш работите можат да се направат и без пари или јас би рекол со многу малку пари. Еве самите го споменавте вчерашниот ден и мојата посета на Клиниката за детски болести и она кое што на луѓето најмногу им остави впечаток е дека клиниката беше исчистена. Во која смисла исчистена? Најпрво од хигиенски аспект, но исчистена беше и од аспект на тоа дека беа исфрлени 50 тони дигитален отпад. И тоа е однесено да се рециклира со компанија. Просто беше неверојатно тоа што го гледавме, како изгледало претходно и како изгледа сега, балконите на клиниката биле натрупани со стари компјутери, принтери, тоа беше една хаотична слика. И тоа е една од тие 11 работи кои што ги направил директорот за тие 11 месеци, рече Мицкоски и истакна дека вкупно проектите кои биле презентирани чинеле 40 милиони денари.

Tags: болнициМицкоски
Next Post
Фото: ФБ/Кире Михаилов

Изгаснат пожарот во Липковско

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Дали витамин Ц навистина спречува настинка?

November 18, 2025
Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

November 18, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk