ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Меркел ја искритикува политиката на германската Влада кон барателите на азил

June 30, 2025 12:47
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја критикуваше одлуката на новата германска Влада да ги одбие нерегуларните мигранти на границата, дури и доколку тие побараат азил, пренесе ДПА.

-Кога некој ќе каже „азил“ тука на германската граница, тогаш прво мора да се спроведе постапка – директно на границата, ако сакате, но постапка, рече Меркел во извадок од документарец прикажан денеска на германска ARD.

„Така јас го разбирав европското право“, рече Меркел, која порано ја водеше конзервативната Христијанско-демократска унија (CDU), владејачката партија која сега ја предводи актуелниот канцелар Фридрих Мерц, пренесува ДПА.

Меркел за потребите на документарецот се сретна со поранешни бегалци по повод 10-годишнината од нејзината значајна одлука да ги отвори германските граници за време на европската мигрантска криза во 2015 година. Оваа многу важна одлука дозволи стотици илјади мигранти, многу од нив со сириско потекло, да пристигнат во Германија.

Иако многумина оттогаш се населија во земјата, значително придонесуваат за економијата и стекнаа германско државјанство, потегот на Меркел предизвика реакција, а екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AфД) оттогаш доби на популарност на антиимигрантската платформа, посетува германската агенција.

Подоцнежните администрации се обидоа да го ограничат бројот на мигранти што пристигнуваат во Германија, а владата на Мерц откако ја презеде власта воведе строги прописи, вклучувајќи ја и контроверзната политика за враќање на барателите на азил уште од границата.

Иако судот во Берлин пресуди против мерката претходно овој месец во случајот на тројца Сомалијци на кои им беше одбиен влез и покрај тоа што побараа азил, Мерц и министерот за внатрешни работи Александар Добриндт ја нарекоа пресудата „индивидуална одлука“ и ја оставија владината политика на сила.

Next Post

Владата на Мицкоски ѝ донесе на државата „модерeн“ македонски јазик - СДСМ со „црвени линии“!

НАЈНОВО

Лувр затвори дел од музејот поради нестабилен под

November 18, 2025
Фото: Официјална Фејсбук-страница на британската Кралска ковница

Кралска чест за легендата: Британската ковница издаде монета со ликот на Фреди Меркјури

November 18, 2025
Скриншот

Технички дефект во Cloudflare: Делови од светската мрежа не работат или имаат чести прекини

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk