ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски за цените на храната вели дека Владата била многу внимателна и се пристапувало студиозно

August 11, 2025 13:57
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Детално се анализираат сите фактори кои влијаат врз цените на храната и многу се внимава какви мерки ќе бидат донесени.  Владата сака трајни, а не популистички решенија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Како што напомена, одговорајќи на новинарски прашања, праксата покажа дека ограничувањето на маржата само се прелева во другите месеци и потоа цените се балансираат. Тоа е замка, дополни, во која не треба да западнеме.

Премиерот е дециден дека причина за растот на инфлацијата се услугите.

-Одиме ставка по ставка, многу студиозно, детал по детал, додека не дојдеме до конечната одлука што понатаму. Многу сме внимателни во носењето мерки. Очекувам анализата што ја правиме многу скоро да биде готова. Анализираме производ по производ, групи на производи и услуги за да дојдеме до трајно решение. Сите инпути во равенката ги анализираме и засега излегуваме со ад-хок решение за септември, тоа е училишната кошничка. За трајно решение ќе ни оставите уште малку простор.  Не сакаме популистички мерки, туку сакаме трајно решение. Праксата покажа дека ако само ја ограничиме маржата кај одреден дел производи, посебно прехранбените, таа потоа се прелева во следните месеци и на крајот се нивелира. Не сакаме да западнеме во таа замка, потенцира Мицкоски по посетата на Општина Петровец.

Тој истакна дека се следат случувањата и во регионот.

– Ги следиме случувањата во регионот и отприлика инфлацијата во јули секаде е околу 4 – 5 отсто, поради услугите. Во рамки на просекот во првите шест – седум месеци ние сме под земјите во регионот што се должи, пред се, на ограничувањето на маржата во март и април која потоа се прелеа во мај, јуни и јули. Услугите се засега најголемиот генератор на зголеменото ниво на инфлацијата. Тоа значи дека зголемените плати и пензиите прават притисок врз побарувачката, имаме зголемена побарувачка и луѓето можат да ја платат цената за услугата, а тие што ја нудат, ги качуваат цените на услугите се додека консументите можат да платат. Ако ги исклучиме процесуираната храна и останатите производи од синџирот, ќе видиме дека најголемиот дел генератори на инфлацијата се услугите. Ресторанските услуги, на пример, се 24 – 25 отсто зголемени во однос на истиот месец лани, исто и транспортните. Кај овошјето има огромно зголемување, двоцифрено, кај јаболки, банани, лимони, објасни премиерот.

Потсети и дека во првите шест месеци од годинава извозот расте повеќе од увозот, а изрази и очекување и натаму да се намалува трговскиот дефицит.

– По долго време, во првите шест месеци извозот расте повеќе во однос на увозот. Извозот беше 2,9 отсто зголемен во првите шест месеци споредено со минатата година, а увозот 2,3 или 2,4 проценти во истиот период. Првпат по долго време се случува да се намалува трговскиот дефицит со странство и тоа во услови кога автомобилската индустрија е во таква состојба каква што е, а нашата извозна компонента најмногу отпаѓа на автомобилската индустрија. Очекувам и во периодот што следи таквата економска активност да продолжи, рече премиерот.

Во петокот трговците, производителите и дистрибутерите беа на средба кај министерот за економија и труд Бесар Дурмиши за цените на храната. Како што истакна Дурмиши претпладнето на прес-конференција, тоа требаше да биде крајна опомена и предупредување за нив да се однесуваат соодветно. Во спротивно, најави, Владата ќе воведе ригорозни мерки.

Tags: Мицкоскицени
Next Post

Поевтинуваат бензините и дизелот

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Претставничкиот дом денеска гласа за објавување на сите документи за Џефри Епштајн и Гилејн Максвел

November 18, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk