ДИМИТРОВ на ФБ: Сакам да апелирам да не се фрлаат „дрва и камења”. Не заради мене, јас сум политичар кој одбрал да им служи на граѓаните и подготвен сум да трпам и основана и неоснована критика, но неблагодарно е воопшто да не се цени деноноќниот ангажман на професионалци во кризниот штаб во МНР и во слабо екипираните амбасади и конзулати, благодарение на кои во координација со ДКП-та досега вративме над 2200 наши државјани.
ФИЛИПЧЕ на ФБ: Одговарајте точно на прашањата на лекарите и епидемиолозите – со тоа го штитите вашето, но и нивното здравје.
ЖАРКО Трајаноски: „Се потсетив деновиве на дебатата на А1 „Споменици или лекови?”, организирана откако владата на Груевски почна да крати на лекови, за да има доволно пари за споменици и восочни фигури. На дебатата во која учествував беа и неколку уметници кои се опарија од проектот „Скопје 2014”.
БРИТАНСКИОТ премиер Борис Џонсон вечерва е хоспитализиран поради манифестирање на симптоми на корона вирус, се вели во соопштението од неговата канцеларија.
ВРЕМЕТО ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во јужните делови ќе биде пооблачно. Ќе дува умерен североисточен ветер.