ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хитмејкерот Џекс Џонс ги носи своите хитови во Струмица на Get EXITed на 7 септември

August 21, 2025 13:35
in ДЕНЕС, МАГАЗИН

Номинација за Греми, повеќе од 40 милиони продадени плочи и милиони фанови кои секој месец ги слушаат неговите хитови на стриминг платформите, се запишани зад името на Џекс Џонс (Jax Jones). Лондонскиот уметник со мултиетничко потекло и еден од најбараните хитмејкери на денешницата пристигнува на 7 септември на Get EXITed журката за да го претвори Градскиот парк во главна сцена на која Струмица ќе танцува до раните утрински часови, истакнуваат организаторите на настанот.

Иако денеска го знаеме како светска ѕвезда чии песни бројат милијарда стримови, патот до успехот не беше брз и лесен за Џекс Џонс. Неговиот пат е приказна за трпение и упорност – од „open mic“ ноќите и малите лондонски студија до моментот од 2014 година кога со Дјук Думонт го потпиша светскиот хит „I Got U“, кој им донесе номинација за Греми, а потоа и копродукција на планетарниот хит „Ocean Drive“. Следуваа хитовите „You Don’t Know Me“ со Реј, „Instruction“ со Деми Ловато и Стефлон Дон, потоа радискиот хит „Breathe“ со Ина Вродслен, па виралниот „Out Out“ со Џоел Кори, Чарли Екс-Си-Екс и Савити. Со Еменикеј го потпиша носталгичниот денс сингл „Where Did You Go?“, со кој го потврди статусот на автор кој подеднакво владее и на подиумите и на топ-листите. Оттогаш, Џекс Џонс стана синоним за модерниот денс звук, кој спојува хаус и поп израз, подеднакво владеејќи на топ листите и фестивалските бини, вклучувајќи и два настапи на фестивалот ЕГЗИТ во 2018 година, како и во 2022 година со диџеј сет кој публиката го опиша како ремек-дело.

На неговата листа на успеси се наоѓаат албумот „Snacks (Supersize)“, првиот што серијата синглови ги преточи во целина, потоа проектот „Europa“ со Мартин Солвеиг и хитот „All Day and Night“, како и препознатливата соработка со Оли Александер на синглот „Play“. Љубопитноста на Џекс Џонс и подготвеноста бескрајно да го истражува звукот го доведоа и до несекојдневни проекти, како што е музичкиот омаж на Покемон франшизата, за која ја напиша песната „Phases“, а кога хитовите веќе го потврдија неговото име, Џекс Џонс реши да возврати нешто на сцената.

Тој ја основа својата издавачка куќа WUGD во 2021 година, заедно со својот менаџер Ден Стејси. Името доаѓа од фразата „What You Gonna Do“ што повеќе не е само музички потпис во секоја негова песна, туку сега претставува покана и охрабрување за нови талентирани музичари. На оние кои допрва го бараат патот, Џекс Џонс сега им го нуди она што нему некогаш му требаше најмногу – поддршка и шанса да биде слушнат од другите. Својот пат, по кој денеска самоуверено оди, Џекс Џонс го преточи во интимниот сингл „Me & My Guitar“, песна што претставува разговор помеѓу зрел уметник, каков што е тој денес, и тоа момче од Лондон кое само што зачекори кон својот музички сон.

Сега е време Џекс Џонс да ја донесе својата музичка приказна на Get EXITed забавата во Струмица. На фестивалската сцена во Големиот градски парк на 7 септември, ќе му се придружи регионалната сензација Бејби Лазања и легендарните Бајага и Инструктори, додека остатокот од програмата ќе биде објавен наскоро. Влезот на овој жанровски разновиден музички настан ќе биде бесплатен за сите посетители.

Tags: Get EXITedСтрумицаЏекс Џонс
Next Post

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk