Од денеска, па до 5 септември по 17. пат во Прилеп ќе се одржува меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2025“. Своите дела на ликовната колонија ќе ги создаваат 17 уметници од земјава и од Хрватска и Србија. Годинава уметниците ќе работат во убавата инспиративна природа на манастирот „Св. Ѓорѓија“, во близина на прилепското вештачко езеро.
-Очекуваме уметниците да создадат нови дела што ќе бидат дел од богатата збирка на Центарот за култура „Марко Цепенков“. Делата ќе бидат претставени на заедничка изложба во ноември, вели Марјан Стојаноски, раководител на Ликовната дејност при прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ кој е организатор на Колонијата.
На колонијата ќе творат уметниците: Јуре Кокеза, Звјездана Јембрих, Злата Томљеновиќ, Звонко Павличиќ, Снежана Манасиќ, Стефан Анчевски, Васко Горѓиев, Дејан Макаријоски, Верче Николоска, Александар Џинго, Ферди Булут, Марјан Стојаноски, Златко Крстески, Емил Димоски, Слободан Милошевски, Ристе Мицевски и Бојана Тошевска.
Збирката на слики и скулптури создадени на колонијата досека брои преку 430 уметнички дела.
Колонијата е со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам.