ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фон дер Лајен за состојбата на ЕУ, дебати за Украина и Газа – почнува сесијата на Европскиот парламент

September 8, 2025 12:10
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Стразбур денеска почнува овонеделната сесија на Европскиот парламент на чиј дневниот ред, меѓу другото, се и годишното обраќање на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен пред европратениците, познато како за „Состојбата на Европската Унија“, трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, состојбите во Украина и во Газа и случувањата во Србија.

Седницата започнува доцна попладнево со дебати за инвестициите и реформите насочени кон зајакнување на европска конкурентност, за создавањето на Унија на пазари на капитал, за дизајнот на возилата, за јавните набавки и за обнова на мандатот на Форумот за управување со интернетот.

Утре заседанието ќе продолжи со дебата на европратениците со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас посветена на активностите на ЕУ за постигнување безбедносни гаранции и праведен мир за Украина. Во продолжени пред европратениците ќе се најде и Извештајот на ЕП за Украина за 2023 и 2024 година, по што ќе следи и гласање по него. Целта на Извештајот е да се охрабри украинската Влада да го одржи реформскиот моментум за патот на земјата кон членство во ЕУ.

По Украина, Калас и европратениците ќе дебатираат и за состојбата во Појасот Газа. Во рамки на дебатата насловена „Газа на пресвртна точка“ се очекува да стане збор за одговорот на ЕУ за справување со гладот во Појасот, да се реафирмира потребата од ослободување на заложниците и да се поттикнат напорите за конечен мировен договор по „моделот на две држави“. Од дебатата треба да произлезе Резолуција, за која европратениците ќе гласаат в четврток.

Претпладневниот дел од утрешното продолжение на заседанието ќе заврши со обраќање на молдавската претседателка Маја Санду пред европратениците. Обраќањето ќе се одржи пред дебатата, предвидена за утре вечер, за отпорноста на Молдавија кон руските хибридни закани и мешање. И од оваа дебата ќе произлезе Резолуција за која европратениците ќе се изјаснат в среда.

За време на утрешниот термин за гласање членовите на ЕП, покрај за Извештајот за Украина, меѓу другото, ќе треба да се изјаснат за Извештајот по Рамковна директива за отпад од текстил и од храна, за Договорот за соработка меѓу Европол и Федералната полиција на Бразил, за Договорот за засилено партнерство и соработка меѓу ЕУ и Киргистан и за избор на членови на Судот на ревизори.

Сесијата утре попладне ќе продолжи со дебата за потребата од зајакнување на помошта на ЕУ за обнова на шумите уништени во катастрофални шумски пожари во Јужна Европа и за подобрување на подготвеноста на Унијата за справување со огнени стихии.

По ова ќе следат дискусии за состојбите со Европскиот социјален фонд, за улогата на Кохезивната политика и за поедноставување на пристапот до средства од кохезивните фондови и за ограничување на емисиите на јаглерод.

Во вечерниот термин утре, покрај за Молдавија, европратениците ќе расправаат за „бранот насилство и континуирана употреба на сила против демонстрантите во Србија“ и за состојбата во Колумбија по последниот бран терористички напади.

В среда сесијата ќе започне со традиционалното обраќање на Фон дер Лајен за „Состојбата во Европската комисија“, во која се очекува таа да се осврне за резултатите од работата на Комисијата од стартот на мандатот во декември минатата година и за нејзините идни активности.

Најавувајќи го своето обраќање, Фон дер Лајен во објава на Икс посочи дека Еврокомисијата годинава работела напорно за ја да ја зајакнеме одбранбена позиција на ЕУ, да ги поттикне нејзиниот раст и иновациите и да создаде нови работни места.

– Од ветување, до напредок, Европа испорачува за своите граѓани. Придружете ми се на 10 септември за мојот говор за Состојбата на Унијата, наведе Фон дер Лајен во објавата.

По обраќањето, ќе следи дебата европратениците за оценка за работата и стратегијата на Комисијата и за она на што, според нив, таа треба првенствено да се посвети.

В среда попладне заседанието ќе продолжи со тематска дебата иницирана од пратеничката група „Патриоти за Европа“ (ПФЕ) насловена „По 10 години, време е да се стави крај на масовната миграција – да се заштитат нашите жени и деца“.

По ова ќе следи дебата на европратениците со претставници на Европската комисија и на Данското претседателство со ЕУ за трговскиот договор меѓу Европската Унија и САД и за можностите за понатамошни договори со други трговски партнери, по што Советот на ЕУ ќе ја претстави својата позиција за Предложениот буџет на блокот за 2026 година.

Во продолжение европратениците ќе дебатираат за законските предлози за заштита на патниците и нивните права за поврат на средства во случаи на прекин на патувањето или банкрот на туристичките оператори, за потребата од заштита на демократија и изборните процеси во ЕУ од странско мешање и хибридни закани, за безбедносните закани по воздушниот и поморскиот транспорт преку прекини на Глобалниот навигациски сателитски систем, за оданочување на големите дигитални платформи, за владеење на правото и управување со средствата од фондовите на ЕУ во Словачка и за состојбите со човековите права во „окупираните области на Кипар, во Руанда и во Того.

На последниот ден од овонеделната сесија, в четврток, европратениците ќе расправаат за „новата визија за европските универзитетски сојузи“, за обезбедување соодветни политики за домување и здравство во услови со рекордни температури и топлотни бранови во ЕУ, за поедноставување на правилата за европскиот внатрешен пазар и за Европската стратегија за справување со Алцхајмеровата болест и другите видови деменција.

Tags: Фон дер Лајен
Next Post

Герасимовски: Независноста е аманет од нашите предци, должност е да ја чуваме и развиваме Македонија

НАЈНОВО

Фудбалски стадион на Јувентус

Лучијано Спалети ќе го преземе Јувентус,

October 29, 2025

Левица: Ако победи Амар, Орце вети дека ВМРО – ДПМНЕ нема да го блокира Советот на Град Скопје

October 29, 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме модел кој гради, обединува и носи резултати, на 2 ноември да заокружиме број 9 за развојот на општините да продолжи

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk