ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Општините ќе одредат кои маркети ќе доставуваат продукти во текот на полицискиот час

Во согласност со новите мерки, кои стапуваат на сила утре во 16 часот, Општинските кризни штабови ќе треба да определат маркети од каде ќе се обезбедуваат граѓаните за време на продолжениот полициски час, објасни Владата преку соопштение до медиумите

April 7, 2020 12:25
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА

Во согласност со новите мерки, кои стапуваат на сила утре во 16 часот, Општинските кризни штабови ќе треба да определат маркети од каде ќе се обезбедуваат граѓаните за време на продолжениот полициски час, објасни Владата преку соопштение до медиумите, пренесе МЕТА.

Имено, според одлуката од 36-тата владина седница, од утре полицискиот час за сите граѓани во работните денови ќе почнува во 16 часот и ќе завршува во 5 часот, а во викендите ќе има целосна забрана, односно полициски час од 16 часот во петок до 5 часот во понеделник.

Во времето што не е опфатено од полицискиот час споменат погоре, лицата над 67 години ќе може да излегуваат од дома само од 10 до 12 часот, а младите до 18 години ќе може да излегуваат само од 13 до 15 часот.

Во периодот на полицискиот час, од маркетите определени од општините продукти ќе доставуваат маркетите или волонтери, а фирмите што веќе вршат достава на храна преку онлајн нарачки ќе доставуваат и во сабота и недела.

Со новите мерки, предвидено е домашните миленичиња да може да се шетаат најдалеку 100 метри од зградата, од 20 до 20.30 часот во работните денови, а во време на викендот од 8 до 8.30 часот, потоа од 15 до 15.30 часот, како и од 20 до 20.30 часот. Притоа, треба да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат.

Сите државни органи и институции и претпријатија, но и општинските власти, кои имаат вработени во Скопје што живеат во други градови и доаѓаат во главниот град на работа, ќе треба тие вработени да ги упатат на задолжително работење од дома. За останатите вработени, работното време ќе мора да се планира така сите тие да стасаат дома пред почетокот на забраната во 16 часот.

Од новите мерки се исклучени вработени во здравствените институции, полицијата, армијата, царината, како и земјоделците и сточарите.

Next Post

Почина штипјанка позитивна на Ковид-19

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk