ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Народната банка регистрира пад на девизните резерви, кои и натаму се во сигурната зона

Состојбата на бруто девизните резерви на заклучно со крајот на февруари, годинава изнесува 3,08 милијарди евра, што во однос на крајот на 2019 година претставува намалување за 178,1 милион евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка објавени во мартовскиот извештај за макроекономските показатели, пренесе МЕТА.

April 7, 2020 12:59
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Состојбата на бруто девизните резерви на заклучно со крајот на февруари, годинава изнесува 3,08 милијарди евра, што во однос на крајот на 2019 година претставува намалување за 178,1 милион евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка објавени во мартовскиот извештај за макроекономските показатели, пренесе МЕТА.

Сепак, во извештајот се вели дека анализата на показателите на адекватноста на девизните резерви покажува дека тие и понатаму се наоѓаат во сигурната зона, односно дека ваквите остварувања кај
девизните резерви се во рамки на очекувањата.

„Главен фактор за ваквата промена се трансакциите за сметка на државата (отплата на долг во висина од 158,1 милион евра кон Дојче банка). Останатите текови имаа поумерено влијание врз промените кај девизните резерви во анализираниот период“, соопшти Народната банка.

Според податоците од новиот извештај за официјалните девизни резерви најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (81,1 отсто) по што следува монетарното злато (10,7 отсто) и валутите и депозитите (8,1 отсто).

Од Народната банка објаснуваат дека девизните резерви се дефинираат како средства коишто ѝ се веднаш расположливи на монетарната власт и се контролирани од монетарната власт, а служат за финансирање на платниот биланс преку интервенција на девизниот пазар со цел да се влијае врз девизниот курс и/или за други цели. Останатите девизни средства се составени од девизните средства на централната банка коишто не ги исполнуваат основните критериуми за нивно вклучување во девизните резерви.

„Девизна ликвидност е поширока дефиниција на девизните резерви, опфаќајќи ги од една страна, девизните средства расположливи веднаш на властите (монетарната власт и централната влада) за задоволување на побарувачката за девизи, а од друга страна, краткорочните девизни обврски и вонбилансните активности, преку планираните и потенцијалните нето-одливи на девизни средства врз оваа основа“, се вели во објаснувањето на Народна банка.

Next Post

Филипче во посета на кумановската болница: Работата се одвива непречено, заштитната опрема се надополнува постојано

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk