ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Тошковски повика надлежните институции за еколошка заштита да излезат на терен и да ги посетат и легалните и дивите депонии

September 15, 2025 12:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги повика сите надлежни институции поврзани со еколошка заштита, особено Министерството за животна средина и сите инспекторати и директорати, максимално да се вклучат, секој во рамки на своите надлежности, и да излезат на терен да ги посетат сите, како легални, така и диви депонии, да видат не само дали имаат дозвола за работа, туку да видат и дали постапуваат согласно професионални стандарди и законски утврдени правила на игра.

Одговарајќи на новинарски прашања по јавното уништување на запленети наркотични дроги и оружје во кругот на фабриката „Макстил“, Тошковски порача дека „треба еднаш засекогаш да сфатиме дека наместо да трчаме да го решаваме проблемот откако ќе се случи, дека треба сите надлежни инстутции превентивно да си ја работат работата за да не дојде до инциденти“.

Прашан како ја оценува безбедносната ситуација и дали пожарите се хибриден напад, Тошковски, рече дека постојат индиции во она што го говореше вчера премиерот и директорот на ДЗС, но во интерес на истрагата во овој момент не би можел да споделам повеќе информации.

-Будни сме, присутни сме на терен. МВР ги превзема сите потребни надлежни дејствија. Во однос на послендиот пожар што го имавме во фабриката во Трубарево, беа вршени информативни разговори со четири лица и за дел од нив се постапува по насоки на Јавен обвинител и с ебара мерки за обезбедување на нивно присуство. Мислам дека по наредба на јавен обивнител беше предложено да се оди со краткотраен притвор.

Сите дејствија кои треба да ги преземе како МВР ќе ги преземеме и ве уверувам дека за секој еден за кој што ќе има докази дека учествувал во ваков тип на криминал, којшто е оврзан со еколошки криминал и те како ќе следуваат соодветни дејствија од страна на МВР. Убеден сум дека во истата насока ќе продолжат и обвинителството и судот заради тоа што македонските граѓани заслужуваат и безбедна и чиста Македонија во која што би живееле особено од еколошки аспект, изјави Тошковски.

Истрагата за пожарот во Трубарево, Тошковски рече дека ќе оди најдлабоко колку што може да оди, уште од самиот почеток за работа на предметното правно лице.

-Всушност оние кои што беа задржани и оние за кои им е одреден краткотраен притвор се поврзани со сопственичка или управувачка структура во рамки на комапнијата. Така, што ќе биде нужно да се истражи и расветлат сите овие прашања и јас би одел чекор подалеку, не само за оваа фирма, би ги повикал сите институции надлежни во Македонија, особено Министерството за животна средина и сите оние инспекторати, директорати и еден тон институции кои што го имаме, а се поврзани со еколошка заштита, максимално да се вклучат во рамки на преземање на сите нивни надлежни дејствија согласно закон, изјави Тошковски.

Според Тошковски, реткост е во Македонија да се постапува согласно сите професионални стандарди, согласно сите потребни безбедносни мерки, нагласувајќи дека да си ја работеле сите институции работата како што треба, немало да дојде до ова коешто дојде.

-Факт е дека институциите се дерогирани повеќе од 30 години во Македонија, се уништувани, се запуштувани, раководени од несоодветен кадар, нефокусирани во насока на преземање на нивни надлежности, непревземање на професионални стандарди. Ако МВР, Агенцијата за одземени имот, Макстрил, ОБСЕ и сите ние можеме да ги почитуваме сите професионални стандарди во уништување на ваков тип на оружје и дрога, не гледам зошто не би требало да ги почитуваат и сите останати компании, кои што се занимаваат со специфичен тип на дејности, од аспект на складирање на електронски отпад и т.н., изјави Тошковски.

Зборувајќи за пожарот во Трубаерво, Тошковски, нагласи дека „треба еднаш засекогаш да сфатиме дека наместо да трчаме да го решаваме проблемот откако ќе се случи, сите надлежни инстутции превентивно да си ја работат работата за да не дојде до инциденти“.

-Должни сме конктретниот случај да го истражиме најдлабоко колку што можеме, но должни се и сите останати инспекторати, дирекции и други институции, секој во рамки на своите надлежности, да излезат на терен да ги посетат сите, како легални, така и диви депонии, да видат не само дали имаат дозвола за работа, туку да видат и дали постапуваат согласно дозволата за работа, согласно професионални стандарди и законски утврдени правила на игра, дали постапуваат согласно подзаконските акти, како треба да се чува тој отпад, како треба да се складира, како треба да се уништува, во кои временски периоди треба да се преземаат дејствијата, и т.н, изјави Тошковски. аа/са/

 

Tags: Панче Тошковски
Next Post

Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk