ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Отворено јубилејното 10. издание на фестивалот „Киненова“

September 29, 2025 10:11
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: КИНЕНОВА

Фото: КИНЕНОВА

Share on FacebookShare on Twitter

Јубилејното 10. издание на МФФ Киненова синоќа беше свечено отворено во Националната опера и балет. Годинава фестивалот ќе прикаже повеќе од триесетина филмски наслови кои се вистински манифести на филмските автори, автори кои се бескомпромисни, смели, јасни и гласни, впрочем, како нашата Киненова, фестивал кој станува суштински за фестивалското живеење во земјава, а го добива со право меѓународниот предзнак.

Според организаторите, селектирани се шест долгометражни, овојпат три документарни и три играни филмови. Ќе може да се проследат филмови од современата унгарска кинематографија и новиот бран на австриската кинематографија. Автор во фокус е харизматичниот режисер од Србија, професорот Срдан Голубовиќ, за прославената школа на иранскиот филм ќе говори филмскиот критичар Хамад Солеиманзаде, а кратката форма и овојпат ќе биде поставена високо на приоритетите на фестивалската програма.

-Десет години, 120 месеци посветена и непрекината работа, за исполнување на големата мисија, да се пронајдат најдобрите, најхрабрите помеѓу новите авторски гласови, оние кои ќе ги предводат новите текови во филмската уметност. За мене ова претставуваше големо задоволство, но и голема одговорност, да се подигнат критериумите во нашата фела, но и да се избориме за простор за независните, за слободоумните, за чесните создавачи, да додадеме вредност во нашата кинематографија и филмски образовен процес и да можеме да бидеме оној охрабрувачки фактор на тешкиот пат, на кој многумина нови филмски создавачи се обесхрабруваат. КИНЕНОВА не е само фестивал, КИНЕНОВА е пркос, тоа е само една манифестација на бескомпромисната потрага по слободата, по слободната творечка мисла, потрага по повисоки вредности во уметноста, но и во животот, рече директорот на фестивалот, Небојша Јовановски, стои во соопштението.

Тој подвлече дека живееме во време кога како никогаш порано цензурата и автоцензурата е појава која станува дел од филмското создавање и општественото живеење, дури и како прикриен кодекс на однесување.

-Авторстките гласови се загушени од оваа појава и затоа како никогаш порано се потребни силни и храбри автори кои ќе добијат слободен простор за своите дела, за пораките кои имаат да ги упатат. Во таквиот контекст Киненова игра особено важна улога, како дел од светската сцена на независни филмски фестивали, кој го чува својот простор слободен и чист од интереси кои ја загрозуваат слободата на уметничкиот израз во филмската уметност. Во свет во кој авторските гласови се ценат помалку од било кога, клучна улога ќе имаат оние кои се спремни да стојат и наспроти светот доколку тој истиот свет тргнал по погрешен пат, далеку од човековата суштина, далеку и од суштината на уметноста, затоа што како никогаш порано недостига искреното чувствување на уметноста или она што Станиславски уште одамна ќе го посочи: Уметноста во мене, а не јас во уметноста. Такви уметници беа дел од КИНЕНОВА изминативе години, кои не само што владеат со алатките на уметноста, умеејќи да разкажат приказни низ слики, туку го употребуваат филмот за да дојдат до повисока цел, да отворат забранети теми, да отклучат затворени простори на човечкото несвесно, истакна Јовановиќ и изрази задоволство што токму на КИНЕНОВА беа промовирани баш такви автори како Кристина Грозева и Петар Валчанов од Бугарија, со чив втор филм СЛАВА започна бурно фестивалската приказна на КИНЕНОВА во 2016та, русинот Кантемир Балагов, Антонија Килијан од Германија, Захаријас Мавридис и Ева Натена, од Грција, Јуре Павловиќ, Давид Капач и Андрија Мардешиќ од Хрватска и многу други.

-Се чувствувам почестен што овој мој труд, но и труд на тимот околу мене е препознаен и признат од врвни, но слободоумни автори како што се: Уллрих Зајдл, Елдико Ењеди, Кшитшов Зануси, Мира Фурлан, Разван Радулеску и многу други, кои беа дел од фестивалот и го потврдија неговиот квалитет и вредност со нивното активно присуство, но и со истакнување на неговата важност, рече на крајот Јовановиќ.

На присутните им се обрати и Џон Стивенс, еден од главните „виновници“ за создавањето на овој фестивал и раскажа за почетоците, но и за предизвиците со кои се соочувал фестивалот сиве овие години.

Киненова секогаш грижливо ги одбира своите лауреати, оние кои поставиле нови, вредни, квалитетни, висококреативни стандарди во својата професија. Годинава добитник на наградата „Златна грива“ за животен опус е Лив Улман. Актерката испрати писмено обраќање во кое се заблагодари за признанието.

-Длабоко сум почестена што ја добивам оваа награда и сакам да ја изразам мојата искрена благодарност до фестивалот за признанието што го добивам за мојата работа. Да добијам вака високо признание  од уметниците и публиката во Македонија, земја со толку богато културно наследство, е длабоко значајно за мене. Иако сè уште немав можност да ја посетам вашата прекрасна земја, долго време посакував да го сторам тоа. Помислата дека моите филмови и мојата посветеност на човековите права стигнаа до луѓе толку далеку од местото каде што живеам и ги допреа длабоко, ме исполнува со радост и понизност. Знам дека Македонија има потентна заедница на филмски режисери, уметници и интелектуалци, а да се почувствува вашата поддршка и топлина е подарок. Се надевам дека еден ден наскоро ќе можам да дојдам во Македонија, да ве запознаам лично и да ја споделам страста за филмската уметност што нè обединува сите преку границите. Ви благодарам уште еднаш за оваа чест. Тоа го зајакнува моето верување дека приказните, без разлика дали се раскажани преку филм или преку нашите постапки како човечки суштества, можат да нè поврзат, да нè инспирираат и да нè зближат еден со друг, стои во пораката од Лив Улман која беше прочитана на свеченоста.

Најдобриот македонски кинематографер од средната генерација со импресивна бројка на снимени филмови во неговата речиси 50 годишна кариера, Владимир Самоиловски е добитник на „Златната грива“ за особен придонес во филмската уметност.

Наградата му ја врачи уметничкиот директор на фестивалот Гена Теодосиевска, а Самоиловски се заблагодари за укажаната чест и рече дека навистина се радува на наградата и со задоволство ја прифаќа.

Добитник на наградата „Златна грива“ за особен придонес во филмската уметност е Даг Јохан Хагеруд, норвешки режисер. Библиотекар, писател, драматург, новинар, сценарист, режисер истакнат хуманист. Со своите филмови подеднакво ја освои и публиката и критиката од Норвешка до Австралија.

Наградата му ја врачи директорот на фестивалот, а Хагеруд заблагодарувајќи се рече дека е голема чест.

-Јас не сум многу разговорлив, но сметам дека е неопходно да се комуницира преку литературата и филмот. Многу пати досега во мојата кароера се прашував дали уметноста може да го промени светот. Како мал читав многу книги, кои не мислам дека ме променија, но имаа големо влијание на мене. Не можно се да разбереме, но мора да продолжиме да се обидуваме да се разбереме и да ја набљудуваме реалноста и можностите. Исто така треба и да се слушаме меѓу себе. Во денешно време луѓето не се слушаат многу еден со друг. Слушаат поткасти и читаат социјални мрежи. Без слушање комуникацијата престанува. Да се слушаме со почит, толеранција и со добра воља!, рече меѓудругото Даг Јохан Хагеруд.

На свеченото отворање беше прикажан филмот „Изгубениот тим од соништата“ на Јуре Павловиќ, а во деновите што следат во Киноверзум во Кисела Вода ќе бидат прикажани и останатите филмови.

Одлуките и годинава да бидат наградени вистинските автори од главната компетициска програма на ова десеттото издание, ќе ги носи меѓународна жири комисија во состав: Срдан Голубовиќ, претседател, Владимир Самоиловски и иранскиот филмски критичар Хамед Солеиманзадех, членови.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Киненова“
Next Post

Книжевна вечер во „Буква“ со Иван Џепароски во организација на „Спона“

НАЈНОВО

Мицкоски: Секој кој бил поврзан со случајот во Кочани треба да биде изведен пред лицето на правдата

September 29, 2025

СДСМ: Нема операции на Кардиохирургија, дали министерот за здравство работи за приватните клиники?

September 29, 2025

Орце Ѓорѓиевски ја презентираше програмата „Визија за Скопје 2025-2045“ заснова на седум главни столбови

September 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Микросам

    Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Скопје 16 кандидати за градоначалник, за 45 советнички места 855 кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk