Во НУ Национална галерија Мала станица денеска свечено ќе биде отворена изложбата „Beyond yesterday“, авторско дело на реномираниот антрополог и професор на Универзитетот во Букурешт, Романија, д-р Каталин Д. Константин.
Организатори на овој настан се Амбасадата на Романија и Државниот архив на Република Северна Македонија во рамките на прославувањето 30 години дипломатски односи меѓу Република Северна Македонија и Романија.
Изложбата ќе биде поставена до крајот на октомври.