Вчера во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, се одржа втората седница на Универзитетското студентско собрание (УСС УКИМ), на која беше спроведен изборот за нов претседател на Универзитетското студентско собрание, известуваат од Универзитетското Студентско Собрание.
За претседателка на УСС УКИМ е избрана Ангела Василевска, студентка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), трета година на студискиот смер Примена на информациски технологии.
Мандатот на новоизбраната претседателка, заедно со мандатот на новиот состав на делегати, официјално започнува на 1 ноември 2025 година.
„Упатуваме искрени честитки до претседателката и до новиот состав, со желби за успешно реализирање на програмата која најавува бројни можности и активности во интерес на студентите на УКИМ“, се наведува во соопштението од Универзитетското Студентско Собрание.