ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ПМГ Рекордингс Фестивал 14 – тридневен музички настан во МНТ и Јавна соба

October 15, 2025 12:26
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Од 16 до 18 октомври, љубителите на новиот звук ќе се сретнат во Јавна соба и МНТ, каде ќе се одржи „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“ – тридневен музички настан, кој носи современа фузија на електроника, поп, поезија и трап.

Фестивалот започнува утревечер, 16 октомври, во 21 часот во Јавна соба, со настап на Александар Велики, кој ќе го отвори фестивалот со динамичен концертен настап со интелигентна мелодичност и танцова атмосфера. Истата вечер ќе настапат и Donplaya & Prince$$ Donatsu, највлијателното трап-дуо од Битола, чии уникатен израз ги спојуваат музиката, уметноста, рапот и комедијата, оставајќи силен белег врз новата генерација.

Влезот на настанот е бесплатен.

Втората фестивалска вечер, на 17 октомври, ќе се одржи на малата сцена во МНТ со почеток во 20 часот и ќе биде посветена на електронската музика во дијалог со поезијата. L.O.V.D ќе ја претстави својата авторска електронска продукција во живо, додека Поетроника, проектот на Оливер Митковски и Андреја Салпе, кој во поетско-звучен амбиент на уникатен начин ја претставуваат македонската поезија придружена од електронска музика. Вечерта ќе ја заокружи Blackstate, со моќен настап што ги спојува синт попот, експерименталната електроника и хардкор-панк естетиката во моќен музички израз за сложените емоции на современото време. Билети: mnt.mk

Големото финале следува на 18 октомври во Јавна соба, со настап на хрватскиот MANGROOVE – еден од најреномираните поп-состави во регионот, кои првпат ќе настапат пред македонската публика. Нивниот настап ќе биде кулминација на фестивалот, исполнет со енергија, свежина и емотивност. Вечерта ќе ја отвори Марија Каева, со својот електро-поп настап преполн со синглови и мелодии од албумот „Фортуна“.  Билети: bileti.drugastrana.mk

„ПМГ Рекордингс Фестивал“ го основа Мирко Попов во 2008 година. Со 13 реализирани изданија, фестивалот ја поддржи и промовира новата и квалитетна музичка продукција. Подготовките за 14-то издание започнаа во 2023 година со Попов, а годинашнава реализација е резултат на работата на тимот на фестивалот, заедно со музичарите и партнерите, со програма посветена на неговиот роденден.

Фестивалот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам, во организација на здружението „Крај Вардарот“, а партнери се Јавна соба и Македонски народен театар.

 

Tags: ПМГ Рекордингс Фестивал 14
Next Post

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија: Преку образованието, ИТ и TикToк до влијание врз изборите

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk