ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заклучоци од Самитот на ЕУ: Конкурентност, поедноставување и избалансирани транзиции

October 23, 2025 22:34
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Фото: Генерирано со ВИ

Фото: Генерирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија треба постепено да го менува начинот на дејствување и да ги следи сите аспекти на агендата за конкурентноста и единствениот пазар, бидејќи тоа е клучно за одржување на просперитетот и на социјалниот модел на Европа, се наведува во заклучоците од денешниот Самит на ЕУ за конкурентноста и енергетската и зелената транзиција.

– Европскиот совет ја потврдува итната потреба од унапредување на амбициозната агенда за поедноставување и подобрување на регулативите на сите нивоа – европско, национално и регионално – и во сите области, со цел да се обезбеди конкурентноста на Европа, без при тоа да се поткопаат предвидливоста, политичките цели, високите стандарди и интегритетот на единствениот пазар, се вели во заклучоците.

Лидерите на ЕУ ја повикуваат Европската комисија итно да предложи понатамошни амбициозни пакети за поедноставување, меѓу другото и за автомобилската индустрија, воената мобилност, дигиталните и финансиските услуги, транспортот, животната средина, енергетиката и безбедноста на храната.

Тие, исто така, ја повикуваат ЕК да идентификува дополнителен потенцијал за понатамошно поедноставување и зајакнување на конкурентноста, да изработи нови предлози и да ги интензивира напорите за административно поедноставување и каде што е можно да разгледа повлекување на некои од предложените акти.

Во однос на зелената транзиција Европскиот совет предлага таа да се спроведе на начин што ќе придонесе за подобрувањето на конкурентноста на Унијата и за зајакнување на нејзината отпорност.

– За да успее таквата фундаментална трансформација, зелената транзиција мора да биде фер и праведна, прагматична, економична и социјално избалансирана и да ги зема предвид различните национални околности, обезбедувајќи прифатливи решенија низ целата економија и за граѓаните низ целата Унија, со цел да се обезбеди конкурентноста и просперитетот на Европа за сегашните и идните генерации, се наведува во заклучоците од Самитот.

Лидерите повикуваат на итно засилување на напорите за обезбедување прифатлива и чиста енергија и изградба на вистинска енергетска унија пред 2030 година и за интензивирање на колективните напори за индустриска обнова, модернизација и декарбонизација на Европа.

Кога станува збор за дигиталната транзиција Европскиот совет смета дека за ЕУ е клучно да ја унапреди дигиталната трансформација на Европа, да го зајакне нејзиниот суверенитет и да го засили сопствениот отворен дигитален екосистем.

– ЕУ ќе продолжи да поттикнува технолошки решенија ориентирани кон човекот, кои ги штитат поединците и нивните податоци и ја штитат дигиталната одговорност, транспарентноста и општествената отпорност. Европскиот совет ја нагласува и важноста за заштитата на малолетниците, вклучително и преку утврдување на минимална возраст за пристап до социјалните медиуми, се вели во заклучоците.

Во документот се нагласува и потребата од заштита на дигиталната инфраструктура и технолошката база на Унијата и за справување со ризиците што произлегуваат од хибридните закани, предизвиците за кибер безбедност и стратешките зависности.

– Европскиот совет нагласува дека се потребни посебни напори за унапредување на имплементацијата на инфраструктурата за поврзување, за продлабочување на Единствениот пазар за електронски комуникации, како и за промовирање на развојот на одржливи дигитални системи, мрежи и технологии, се додава во заклучоците. 

Next Post

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk