ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Отворање на изложбата „Современа скулптура”

October 30, 2025 10:55
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Изложбата „Современа скулптура” ќе биде отворена вечерва во Музејот на Град Скопје, со учество на 16 уметници од различни генерации.

Како што соопшти Друштвото на ликовни уметници на Македонија изложбата „Современа скулптура” 2025, реализирана како дел од програмските активности на ДЛУМ, со поддршка на Министерството за култура и туризам, претставува значаен преглед на современите скулпторски тенденции во македонската ликовна сцена. ДЛУМ нагласува дека со учество на 16 уметници од различни генерации, во оваа изложба, не се јавува како едноставна презентација на индивидуални остварувања, туку како комплексен дијалог за состојбата и можностите на скулптурата како медиум во современото живеење.

На изложбата, се вели во соопштението, даден е акцентот на поврзаноста помеѓу класичните скулпторски вредности и современите истражувачки импулси. Од една страна, присутен е изразот со благородни материјали, мермерот, бронзата, дрвото, кои ја потврдуваат континуираната врска со традиционалната скулпторска практика, а од друга страна, експериментирањето со нетрадиционални медиуми и истражувачки решенија кои говорат за свесноста на уметниците за проширените граници на скулпторското поле.

-Материјалноста се јавува како централно прашање. Употребата на мермер, инокс, бронза, дрво, теракота, но и комбинацијата на железо, жица, плексиглас, огледало, восок и други материјали не е само техничко прашање, таа е концептуален став на уметникот. Секој материјал носи своја семантичка тежина, своја историја. Делата, во овој случај скултурите се движат во континуум помеѓу фигуративното и апстрактното. Стилизираните фигуративни форми, редуцирани до есенцијални волумени, функционираат и како репрезентации на телото и како автономни формални структури. Човечката фигура е присутна во различни модалитети – фрагментирана, трансформирана – тематизирајќи го телото како место на значење, идентитет и егзистенција, нагласуваат од ДЛУМ.

Оттаму додаваат дека особено на изложбата „Современа скулптура“ важен е односот на скулптурата кон просторот. Отворените конструкции, употребата на сенки, рефлектирачките површини и инсталативните решенија го активираат просторот како конститутивен елемент на делото, не само како негов контекст. Делата создаваат нови релации, го предизвикуваат движењето и перцепцијата на гледачот. Изложбата, се вели во соопштението, потврдува дека скулптурата останува витален и релевантен медиум, а меѓугенерациската присутност покажува дека скулпторската практика не е прашање на генерациска припадност, туку на индивидуална креативна енергија и концептуална јасност.

-Наградата на семејството Митриќевски, доделувана за најдобро скулпторско решение, симболички го потврдува континуитетот на традицијата и нејзината постојана обнова – вредности без кои скулптурата не може да опстане како уметничка практика со интегритет, се нагласува во соопштението на ДЛУМ.

Next Post

Македонската таеквондистка Рељиќ деветта на Светско првенство Г-14 во Кина

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk