Dictionary.com го прогласи најнеобичниот „збор на годината“ досега – фразата „6-7“, интернет-феномен што ги збунува возрасните и ги забавува младите.
Терминот, кој повеќе личи на шега отколку на вистински збор, експлодираше на социјалните мрежи во текот на летото. Сè започнало со песната “Doot Doot (6-7)” од раперот Skrilla, а потоа ја презедоа TikTok корисниците и спортските ѕвезди како LaMelo Ball, висок точно 6 фути и 7 инчи. Еден клип со тинејџер познат како „The 6-7 Kid“ – кој ја извикува фразата додека друг до него прави чудни движења со рацете – ја претвори „6-7“ во културен вирус.
„6-7“ – збор, број или симбол?
Дури и самото Dictionary.com признава дека никој не знае што точно значи. Некои велат дека изразот означува „така-така“ или „па, можеби“, особено кога се придружува со гестикулацијата со рацете. Merriam-Webster го опишува како „бесмислен израз што најчесто го користат тинејџери и предтинејџери“.
Во објавата на Dictionary.com стои:
„Не грижете се, и ние сè уште се обидуваме да сфатиме што навистина значи. Тоа е бесмислено, но токму во таа бесмисленост луѓето пронаоѓаат заедништво.“
Од TikTok до NFL
Фразата веќе има свои пародии, забрани и психолошки анализи. Родители и наставници снимаат видеа обидувајќи се да ја објаснат или „излечат“ заразата, некои дури и направиле „6-7“ костими за Halloween.
Во САД, изразот се појави и на спортските терени – играчи на NFL го користат како гест на славење.
Збор што не е збор
Dictionary.com го бира својата „Збор на годината“ како јазичен симбол на тековните трендови и дигитални навики. Според сајтот, пребарувањата за „6-7“ пораснале шестпати од јуни наваму.
„Зборот на годината не е само популарен термин,“ наведува платформата. „Тој открива приказни за тоа кои сме и како се менуваме.“
Иронијата е што овојпат, приказната е токму за тоа – колку бесмислата може да стане смисла.
Редакција Фронтлајн
Извор: Hollywood Reporter





