ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕК ќе ги презентира извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ   

November 4, 2025 08:08
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија денеска ќе го презентира пакетот на извештаи за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ за 2025 година.

Според најавите, еврокомесарката за проширување Марта Кос попладнево ќе го претстави пакетот за проширување пред членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, по што ќе следи дебата која се очекува да биде фокусирана на постигнувањата на земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство на нивните патишта за пристапување кон ЕУ. Врз основа на извештаите, известувачите на Комитетот за надворешни работи ќе изготват соодветни резолуции.

Во пакетот-извештаи Еврокомисијата ја потврдува својата посветеност на пристапниот процес и на перспективата за „обединување на Европа“, но посочува и на одредени пропусти и недостатоци во секоја од државите кандидати за членство.

Во него наведува општа оценка дека процесот на проширување сега се движи побрзо отколку во последните 15 години, но и дека корупцијата останува значаен предизвик за земјите опфатени со процесот на проширувањето и дека справувањето со неа мора да биде приоритет.

Во извештајот за земјава се оценува дека таа постигнала значителен напредок во спроведувањето на реформите и дека македонските власти продолжиле да работат на имплементација на патоказите за владеење на правото, на реформата на јавната администрација и на функционирањето на демократските институции, како и на Акцискиот план за заштита на малцинствата.

Како позитивен развој на настаните во извештајот се наведува формирањето на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество и се оценува дека земјата постигнала одреден напредок во однос на плурализмот и слободата на медиумите и на слободата на изразување.

Пристигнаа првите реакции по Самитот ЕУ-Западен Балкан што се одржа завчера во Брдо кај Крањ, како и за изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дадена таму за барањата на Софија со цел

Европската комисија во документот посочува и дека земјата е целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, како и дека една од државите што се приклучи на Конвенцијата за заеднички транзит, чија цел е забрзување на движењето на стоките преку границите.

Во извештајот се забележува дека земјата треба да ги интензивира напорите за почитување на владеењето на правото, особено заштитата на независноста и интегритетот на судството и да ја засили борбата против корупцијата.

Во документот се нагласува потребата од спроведување „со добра волја од сите страни“ на склучените билатерални договори, вклучувајќи го и Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и се нотира дека се уште не се усвоени уставните амандмани насочени кон вклучување во Уставот на граѓани кои не претставуваат мнозинство, како што се Бугарите, за што земјата презела обврска.

Во однос на другите кандидати за членство се нагласува постигнатиот напредок на Црна Гора и Албанија во досегашниот тек на преговорите, додека од друга страна помал ентузијазам се покажува за Босна и Херцеговина, Косово и Србија.

За Црна Гора се нагласува дека постигнала најголем напредок на европскиот пат меѓу земјите од Западниот Балкан, со тоа што ги отворила сите 33 поглавја од преговорите, од кои седум се времено затворени, како и дека нејзината континуирана политичка посветеност кон стратешката цел за европска интеграција дала видливи резултати во спроведувањето на потребните реформи.

Европската комисија го пофалува напредокот на Црна Гора во реформите што треба да ја гарантира независноста, непристрасноста и одговорноста на судството и преземените чекори за подобрување на правната и институционалната рамка во борбата против корупцијата.

За Албанија се нагласува силната политичка посветеност за продолжување на реформите во судството и борба против корупцијата и организираниот криминал, како и усвојувањето на законодавствата за националните малцинства и за заштитата на личните податоци.

 

Сепак, се нагласува потребата од забрзување на реформите поврзани со ЕУ, особено во однос на слободата на медиумите, понатамошни резултати во борбата против организираниот криминал и корупцијата, особено онаа на високо ниво, и промоцијата на основните права, вклучувајќи и за родовите прашања, правата на децата и правото на сопственост.

За Босна и Херцеговина се вели дека заостанува во реформите поради „политички тензии“ и дека има проблеми со усвојувањето на неуставни закони во Република Српска, при што се оценува дека постои ризик од „заробување на државата“.

Во извештајот се нагласува дека е потребна на реформа на државните институции за да се обезбеди функционалност и недискриминација, како и дека земјата остварила ограничен напредок во областа на независноста на судството и мора да ги зајакне механизмите за борба против корупцијата и организираниот криминал.

За Косово и за Србија се посочува дека клучно за нивното приближување кон ЕУ останува постигнувањето напредок во дијалогот за нормализација на односите и спроведување на договореното, бидејќи во отсуство на конструктивен ангажман двете страни ризикуваат да пропуштат големи можности.

За Косово се вели дека и покрај декларираната посветеност и јавната поддршка на европскиот пат, напредокот е попречен од домашните „политичките поделби“ и застојот по парламентарните избори во февруари.

Во извештајот се посочува дека косовските власти не направиле доволно за да ги спречат немирите што избувнаа на северот од Косово, каде што живее мнозинско српско население и од нив се бара да се ангажираат на изнаоѓање долгорочни решенија за сите заедници да имаат пристап до основни јавни услуги.

null

Во однос на Србија се наведува дека таа и натаму не е целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, но и дека се бележи зголемена поларизација во земјата поради бранот масовни протести што траат веќе една година, како одраз на разочарувањето на граѓаните од корупцијата и перцепираниот недостиг на одговорност и транспарентност.

Во документот се оценува дека и покрај тоа што српските власти тврдат дека членството во ЕУ е нивна стратешка цел, сепак темпо на спроведување на реформите значително забавило и се апелира за спроведување веродостојни реформи во сите области и избегнување на анти-ЕУ реторика.

Во извештајот се нагласува дека за време на демонстрациите, српските власти спроведуваат апсења и други принудни мерки за застрашување граѓанското општество, дека се интензивирале вербалните напади и кампањи на клевети, вклучително и од страна на високи функционери и дека има влошување во однос на слободата на здружување, собирање и изразување.

За Турција, исто така, се оценува дека се бележи влошување на состојбата со правото на слободата на здружување, собирање и изразување и дека таа е една од ретките земји во Европа, заедно со Белорусија и Србија, што не се приклучи на санкциите на ЕУ против Русија, воведени како реакција на руската инвазија врз Украина.

Во извештаите кон Украина и Молдавија се упатуваат зборови на охрабрување во услови кога двете земји чекаат одлука на Европскиот совет за почеток на преговорите по кластери, но засега такво одобрение не е повидок, пред се за Киев.

Првично беше најавено дека Кос денеска ќе презентира и т.н. извештај пред проширувањето, во кои би биле наведени реформите што ЕУ треба да ги спроведе за да се подготви за прием на нови членки, но, според последните информации, неговото претставување ќе биде одложено за неколку недели, најмалку до 19 ноември.

Next Post
Фото: Скриншот

Премиерот Мицкоски на Самит за проширувањето на ЕУ во Брисел

НАЈНОВО

Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот

Кос: За напредок во проширувањето потребна е трајна трансформација на економиите и општествата на земјите кандидатки за членство

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk