Филмовите „Макреме“ и „Три манастирски цркви во кумановско“ на НУ Музеј Куманово добија награди на 33-то издание на фестивалот „Камера 300“ во Битола, информираа на денешната прес-конференција од Националната установа Музеј Куманово.
-Филмот „Макраме“ на Надица Петковиќ, кустос советник етнолог ја освои престижната награда „УНИКА“ за уметнички пристап и автентично претставување на традицијата, културолошка, тематика која ја претставува богатата традиција на кумановско. Филмот „Три манастирски цркви во кумановско“ на Валентина Андреиќ, кустос советник, историчар на уметност е добитник на високото признание „Златна камера 300“ и го прикажува духовно наследство на крајот, изјави директорката на НУ Музеј Куманово, Марија Живачки.
Филмот „Макраме“ е финансиран од општина Куманово, додека „Три Манастирски цркви во кумановско“ е поддржан од Министерството за култура и туризам.
– Овие награди се потврда дека нашето културно наследство, кога е претставено со љубов и професионализам, допира до сите и продолжуваме да го промовираме богатото културно наследство на кумановскиот регион, изјави Живачки.
НУ Музеј Куманово со филмот „Макраме“ веќе аплицирал за учество на фестивали во Европа, првин во Бугарија, а потоа и во Швајцарија.





