Американската компанија „Блу oриџин“ којашто e во сопственост на Џеф Безос, успешно ја лансираше ракетата „Њу Глен“ вчера од вселенската станица „Кејп Канаверал“. Целта е да се испратат два сателити на НАСА кон Марс.
Меѓу првичните цели беше и успешното искористување на првиот етапен засилувач на ракетен погон, наречен „Никогаш не кажувај ми ги шансите“, што слета на платформата „Џеклин“ што се наоѓа неколку стотици километри надолу во Атлантикот.
– Ова е само почеток, додека брзо го зголемуваме темпото на летот и продолжуваме да испорачуваме за нашите клиенти, рече извршниот директор на „Блу Ориџин“, Дејв Лимп.
Мисијата првично требаше да биде лансирана во октомври 2024 година, но беше одложена бидејќи ракетата „Њу Глен“ не беше подготвена за лет. Сателитите познати како „Синиот“ и „Златниот“ беа изградени во САД – во „Рокет лаб“ со седиште во Калифорнија, со инструменти обезбедени од Универзитетот „Беркли“.
„Њу Глен“, именуван во чест на првиот Американец што ја обиколил Земјата – Џон Глен, е дизајниран како делумно повеќекратна ракета, како „Фалкон 9“ на „Спејс-Икс“. На својот прв лет во јануари, „Њу Глен“ влезе во орбитата, но „Блу ориџин“ не издејствува успешно да го приземји.





