Хрватска синоќа ги победи Фарските Острови со 3:1 и се квалификуваше за Светското фудбалско првенство 2026.
Хрватите станаа 30. учесник на Мундијалот идната година.
Досега пласман на СП 2026 обезбедија: САД, Мексико, Канада, Австралија, Иран, Јапонија, Јордан, Јужна Кореја, Узбекистан, Аргентина, Бразил, Еквадор, Нов Зеланд, Уругвај, Колумбија, Парагвај, Мароко, Тунис, Египет, Алжир, Гана, Зелено’ртските Острови, Јужна Африка, Катар, Англија, Саудиска Арабија, Брегот на Слоновата Коска, Сенегал, Франција и Хрватска.
Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во Канада, САД и Мексико. За прв пат на турнирот ќе играат четириесет и осум репрезентации.





