ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Државата наплати 2,5 милиони евра од казни за непазарно однесување на трговците

November 17, 2025 14:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Цените на храната внимателно се следат и засега не се планираат мерки за да се спречи нивното евентуално зголемување, рече денеска заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Тој соопшти дека од досегашните казни за непазарно однесување на трговците, се наплатени 150 милиони денари или 2,5 милиони евра кои се слеани во државниот буџет.

Одговорајќи на новинарски прашања, Ристески најави зголемување на глобите за непочитување на Законот за трговски практики. Како што објасни, сега пропишаните максимални 20 000 евра се всушност минимална сума, посебно за поголемите синџири маркети кои многу лесно можат да ја поднесат. Овие законски измени се очекува да бидат донесени и да почнат да важат во почетокот на 2026 година.

Заменик-министерот напомена и дека е предвидена изработка на стандардизиран софтвер за транспарентност на цените во маркетите. Ќе го имаат сите трговци и маркети кои ќе треба редовно да го ажурираат. Софтверот ќе може да го користи и секој граѓанин за да креира сопствена кошничка, согласно цените на производите во неговата околина.

-Законот за нефер трговски практики треба максимално да се почитува. Ние имаме редовни контакти со Комисијата за заштита на конкуренцијата и од она што го имаме како сознанија од нивна страна, е дека досега имаат поднесено околу 30 налози за глоба. Тие постапки се пред Управен суд. Колкава ќе биде висината на глобите изречени за непочитување на овој Закон, треба да очекуваме наскоро да има конечни решенија од Управниот суд. Инаку, во овој период имаме многу повеќе пријави од страна на добавувачите кои многу повеќе се охрабрени, отколку на почетокот кога почна примената на Законот. Очекувам дека во иднина ќе има уште повеќе вакви храбри добавувачи кои се уценети од некои од трговците, нагласи Ристески по почетокот на Неделата на претприемништвото.

Во однос на казните чие зголемување се планира по Нова година, заменик-министерот напомена дека кога тие ќе бидат повисоки и повеќе ќе „удрат“ по џебот на трговците кои го изигруваат Законот, тогаш Законот уште повеќе ќе се почитува.

Ристески е дециден дека засега нема да има нови мерки во однос на цените на храната.

-Имаме редовни контакти со Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) кој оваа година има напревно рекордни над 20 000 надзори во сите субјекти на цела територија на Македонија и изречени се казни за непочитување на законите, посебно околу непазарното однесување на одредени трговци и маркети. Во врска со качувањето на цените и непочитување на претходните мерки се изречени казни од 150 милиони денари 2,5 милиони евра се слеани во буџетот на државата. Ние и натаму ги следиме цените, гледате дека инфлацијата е горе-долу стабилизирана со благ пад. Ако утврдиме дека има такви непазарни, нелогични зголемувања на цените, ќе размислуваме со какви мерки ќе дејствуваме. Сега засега нема да има мерки, потенцира заменик-министерот.

Tags: хранацени
Next Post
Скриншот

ДИК го донесе роковникот за избор на градоначалник во четирите општини на 11 јануари

Shortcut

Најново

СДСМ: Пораките од Кошта и извештајот на Вајц ги разобличија лагите на Мицкоски за ЕУ и реформите

June 5, 2026
Фото: Министерство за правда

Министерство за правда: Усвоените патокази се препознаени како клучен напредок на патот кон ЕУ

June 5, 2026

Започнува 60. МТФ Војдан Чернодрински – Прилеп

June 5, 2026
Фото: Геенрирано со ВИ

Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

June 5, 2026
Фото: Скриншот

Зеленски со отворено писмо до Путин: Предлагам директна средба за крај на војната

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk