Во интервју со Бојан Маричиќ, Национален координатор за интеграции во ЕУ, правен експерт зборувавме за пропагандата, дезинформациите како и за лажните вести. Тој одговара и за политичките трикови за време на корона вирусот, како и за руското, односно антизападно и антиевропско влијание.
„Жалам што ВМРО-ДПМНЕ како главна опозициска партија, која патем и учествува во владата во овој формат, што се постави крајно неодговорно и недржавнички во овие моменти. Најпрво се обидуваат по секоја цена да ја нападнат владата, односно останатиот дел од владата и монистерот Венко Филипче којшто секојдневно, безпрестан се бори со спречување на ширење и справување со последиците од овој смртоносен вирус со којшто се бори целиот свет… о овие моменти кога сите се бориме против само еден непријател а тоа е ширењето на пандемијата и справување со последиците од тоа, ВМРО ДПМНЕ го користи тоа за евтини политички трикови и јас сум убеден дека тоа ќе им се врати како бумеранг и дека граѓаните тоа ќе им го наплатат порано или подоцна кога и да бидат изборите“, истакан Маричиќ одговарајќи на прашањето за влаканатап олитичка пропаганда во земјата и справувањето со инфодемијата.
Маричиќ зборуваше и за антизападно и руското влијание сметајќи дека не треба да го прецениме, но секако не и да го потцениме, особено што како земја бевме означени како мета на овој тип на борба меѓу Западот и Истокот.
„Треба да бидеме внимателни, бидејќи до членството во НАТО имавме многу сериозни напади и на лажни вести и со таа појава треба секојдневно да се бориме. Треба за нашите интереси без задршка да се бориме затоа што тоа го прави секоја држава, а нашите интереси се јасни и недвосмислени прикажани од граѓаните 75 проценти се за члеснтво во НАТО и ЕУ. Тука не треба да имаме дилеми, компромиси или договарања, а со секого може да имаме коректни и добри односи доколку го прифати нашиот став и нашиот интерес да бидеме членка на НАТО и ЕУ. Ние сме ги прифатиле тие вредности и за нив ќе се бориме и спроведуваме.
Ние треба да бидеме во сојуз со сите оние кои се соочуваат со истиот проблем и заеднички да се справуваме со него. Борбата со лажните вести е борба за демократија таа не е за нешто друго, бидејќи целта на лажните вести е да го подрива демократскиот систем и да и да воспостават хаос – хаос од кој најчесто профитираат диктаори“, изјави Маричиќ.
Разговорот го води: Џабир Дерала
Монтажа: Ариан Мехмети
Обработка на текст: Дехран Муратов