ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Македонија го одбележа 8 Декември – Денот на Свети Климент Охридски

December 8, 2025 19:03
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во земјава денеска се одбележува 8 Декември – Денот на Свети Климент Охридски. По тој повод се одржаа низа настани. Пред споменикот на Свети Климент Охридски во дворот на Националната универзитетска библиотека што го носи името на светителот, се положени венци цвеќе.

Во чествувањето учествуваа делегации од кабинетот на претседателката на државата, Собранието, Владата, Генералштабот на Армијата, Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), како и претставници на дипломатскиот кор и на политичките партии.

Во Собранието денеска традиционално беше доделена државната награда „Свети Климент Охридски“ за 2025 година, највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованито, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на државата.

Годинава, добитници на наградата се академик Витомир Митевски – за остварување во областа на воспитанието и образованието. За остарување во областа на културата и уметноста добитници се композиторот Живоин Глишиќ и ликовниот уметник Беди Ибрахим.

И МПЦ-ОА го празнува својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец, најпознатиот меѓу повеќето ученици на Светите браќа Кирил и Методиј.

Светиклиментовата дејност била просветна, пастирска и духовна. Животот го посветил на Бог и на народот. Го основал Охридскиот универзитет, првиот словенски универзитет и прв во Европа.

Најголемиот дел од моштите на свети Климент Охридски се чуваат во манастирот „Свети Пантелејмон” на Плаошник во Охрид. Остатоците од черепот се чуваат во манастирот „Свети Јоан Продром” кај Бер, денешна Верија, Грција. Во Софија, пак, има парче од моштите со големина на нокт.

Tags: Свети Климент Охридски
Next Post
Скриншот

ГП Богородица повторно целосно затворен поради штрајкот на грчките земјоделци

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk