ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Режисерот на Аватар – Џејмс Камерон: Не сум заитересиран за вештачката интелигенција, не може да ја замени човечката креативност

December 10, 2025 06:20
in ZOOM IN, ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Славниот холивудски режисер Џејмс Камерон, познат по поместување на технолошките граници во филмската индустрија, изјави дека „лично не е заинтересиран“ да користи вештачка интелигенција во креативниот процес. Иако за време на долгата кариера често ги применувал најсовремените технологии, Камерон останува цврст во ставот дека креативноста мора да остане човечка.

Говорејќи на Меѓународниот филмски фестивал на островот Хаинан, тој порача:
„Не сум лично заинтересиран за користење на тие алатки, за било каков пристап што ја користи технологијата за да ја замени човечката креативност.“

Осврнувајќи се на идејата дека генерирани дигитални ликови би можеле да ги заменат актерите, Камерон додаде:
„Можеби ќе можеме да го замениме актерот. Кажувам ‘ние’, но јас тоа не би го направил. Дали е тоа посакувано? Дали создава уникатен лик што произлегува од спојот на две единствени човечки искуства – на сценаристот и на актерот?“

Иако смета дека AI може да помогне во одредени технички аспекти на продукцијата, режисерот предупредува на внимателна примена:
„Можеме ли да го подобриме работниот процес, да го направиме поефикасен, покреативен? Мислам дека да. Сè додека се држиме до многу висок стандард за тоа како се користи – етички, морално и практично.“

„AI може да создаде само просек“

Камерон инсистира дека ниеден алгоритам не може да се мери со вистинската човечка имагинација:
„Ако користите модел обучен на сè, како може да биде уникатен? Не може. Ќе ви даде просек. Може да направи осредно, но не и нешто посебно. Не може да создаде нешто што никогаш не било видено.“

Како пример, тој го наведе својот филм Аватар:
„Кажете му на моделот: ‘Дај ми нешто што изгледа како Аватар.’ Одлично – ќе ви прави биолуминесценција и летачки суштества по цел ден. Но прашајте го тоа пред да постои Аватар – ќе добиете празен одговор. Сè уште се сведува на човечката креативност.“

Риан Џонсон: „Ј**та вештачка интелигенција“

Сличен став има и режисерот Риан Џонсон, кој во интервју за The Hollywood Reporter беше уште подиректен:
„Да, ј**та вештачка интелигенција. Тоа е нешто што сè прави полошо на секој можен начин – не го разбирам тоа.“

Тој предупреди дека AI се користи главно за да се избегне плаќање на вистински уметници:
„Да, разбирам – има смисла ако сакаш да заштедиш пари така што нема да ги платиш уметниците. Но тогаш, што, по ѓаволите, правиме? Тоа ли е местото каде што сакаме да бидеме?“

Изјавите на двајцата режисери доаѓаат во период кога филмската индустрија се соочува со брз раст на технологиите за генерирање ликови, гласови и сценарија, што отвора сериозни прашања за авторските права, иднината на актерската професија и улогата на човечката креативност.

Tags: Аватарвештачка интелигенцијаЏејмс Камерун
Next Post

(ФОТО) Шарлиз Терон „го запали“ Интернетот со младешкиот изглед - Што велат експертите, а што вели таа?

Shortcut

Најново

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk