ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Да добиеш домашен притвор доволен е прекарот

December 18, 2025 11:41
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Во македонското судство, „Ѓаволот“ не е фигуративен израз, туку прекар на реален обвинет. Станува збор за Љупчо Пецов, во јавноста познат како „Ѓаволот“, еден од обвинетите во предметот „Синџир“, отворен пред две години. Во овој случај се опфатени 26 лица, сопственици и управители на 28 фирми, кои според истрагата преку фиктивни фактури со ДДВ за наводно извршени, а непостоечки набавки, го оштетиле државниот буџет за околу 8 милиони евра. По одреден период поминат во бегство од органите на прогонот, Пецов се предаде на надлежните институции. Иако претходно му беше определен притвор до пронаоѓање, судија на претходна постапка го прифати предлогот на ОЈО ГОКК и му изрече мерка куќен притвор.

Паралелно со овој случај, јавноста сè уште ја памети трагедијата во Београд со младиот Мартин Сипковски од Скопје. Иако имал само 21 година, Сипковски зад себе имал обемно криминално досие, со дела како насилство, разбојништво и предизвикување општа опасност. За него речиси и да немаше јавни детали, сè додека српските медиуми не објавија дека загинал во Белград, откако по грешка активирал експлозив во изнајмен стан. Според тие информации, експлозивот наводно бил наменет за егзекуција на лице поврзано со организиран криминал. Од Обвинителството посочија дека Сипковски бил осуден на 7 години и 6 месеци затвор за обид за убиство, пресуда која не била правосилна. Наместо во притвор, тој се наоѓал во куќен притвор, од каде што избегал, а институциите подолг период немале сознанија дека ја напуштил државата.

Новинарот Љубомир Костовски на својот Фејсбук профил, иронично вели дека за да добиеш домашен притвор доволен е прекарот.

Човекот со прекар Ѓаволот, кого правдата го бараше со денови, а тој успешно се криеше, конечно се предаде на полицијата. Но притворниот судија му „препиша“ домашен притвор. Што е тоа во неговото досегашно однесување што дава за право да ги ужива благодетите на својот дом? Ниту еден судија не треба да се двоуми кога е во прашање бегалец. Ама кај нас имаме судии и „пол“.

Да се сетиме на смртта на младото момче од Скопје, осудено на осум години строг затвор (добро читате – 8 години), кое доби куќен притвор до конечната, извршна пресуда. И тој побегна, а правдата не ни знаеше дека си отишол од земјава, бидејќи немаме ефикасен систем за нивно следење. Пред многу години Шпанија ни даде соодветни уреди, ама потоа ни ги зема, откако со години седеа во некој магацин.

Како е можно да имате осум години пресуда во прв степен, а да седите дома? Кој ја донел таквата одлука и зошто? Очигледно, имало некаков „план“ за негово користење – истиот тој криминалец во Белград загина обидувајќи се во изнајмен стан да направи бомба.

Костовски додава дека ова е само еден пример, и дека кај нас, очигледно, судиите не страдаат. Тука страдаат само обвинителите – нив ги тргаат од функциите.

Д. М. / Цивил Медиа

Next Post

Филипче од Брисел: Барам поддршка од Европа за одбрана на демократијата во Македонија

Shortcut

Најново

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Петрит Сарачини

Зошто јавноста ги третира поинаку невладините кадри на функции во времето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? 

August 20, 2026

Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието

August 20, 2026
Фото: Влада

Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

August 20, 2026

Филм „Џган“ на Вардан Тозија слави 10 години, проекција на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk