Министерството за транспорт информира дека сите државни патишта во земјава се проодни и безбедни за сообраќај, а сообраќајот се одвива непречено. Од Министерството сепак апелираат на зголемена внимателност поради тековните врнежи од снег.
„Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење“, се наведува во соопштението.
Од Министерството информираат дека екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, со обезбедена потребна механизација и работна сила, и дека континуирано се на терен, каде се врши расчистување на снегот.
„Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот“, соопштуваат надлежните.
Како дополнителна мерка за безбедност, од Министерството препорачуваат задолжителна употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината според условите на патиштата.
Во соопштението се наведува и дека се препорачува граѓаните навремено да се информираат преку информативните центри за состојбата и условите на државните патишта.
„Координираните активности на надлежните институции продолжуваат и во наредниот период, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот“, се додава во соопштението од Министерството за транспорт.
Прочитајте и…
(ФОТО) Автопатот Штип – Миладиновци претворен во лизгалиште, состојбата е алармантна







