Филмот „Bombshell”, во кој ќе глумат Никол Кидман, Марго Роби и Шарлиз Терон, а е за жени кои се во судир со основачот на медиумската куќа „Фокс њуз“. го има новиот трејлер.
Филмот на режисерот Џеј Раул, е по вистинска приказна и го следи падот на основачот и директор на „Фокс њуз“, Роџер Ејлс, кој е обвинет за сексуално злоставување и вознемирување на вработените.
Ѕвездената тројка ќе ги глуми трите новинарки што одлучиле да се спротивстават на својот шеф и на шовинизмот. Кидман е во улога на Гречен Карлсон, Терон ќе ја толкува Мегин Кели, а Марго Роби – Кејл Посписил.
Ејлс поднесе оставка 2016 година, откако на позицијата директор на „Фокс“ беше скоро 20 години.
Премиерата на „Bombshell” ќе се случи на 20 декември.
извор: МИА