ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Во Италија промовирано ново вино „Пред дождот“ инспирирано од филмскиот класик на Манчевски

February 20, 2026 12:45
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Реномираниот италијански новинар и вински експерт Марко Поцали го претстави новото авторско вино „Пред дождот“ (Prima della pioggia), инспирирано од култниот филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски.

Станува збор за ограничено производство на вино од 100% сорта аглијанико, создадено на падините на Везув, во регионот околу Неапол, на вулканска почва и од органски одгледувани лозја.

Виното е создадено како посвета на филмот „Пред дождот“, добитник на Златен лав и уште девет награди на Филмскиот фестивал во Венеција во 1994 година, кој во Италија беше прогласен за филм на годината и претставува прва македонска номинација за Оскар во 1995 година.

„Филмот ‘Пред дождот’ ме следи од 1994 година, кога силно ме погоди. Убавината на филмот, кружната порака што ја носи, идејата дека времето никогаш не чека и никогаш не умира, станаа дел од мојот личен и професионален свет“, изјави Поцали.

Тој додаде дека проектот не е замислен како комерцијален бренд, туку како авторска соработка што ги поврзува виното, времето и местото. Новото вино е резултат на директна соработка меѓу Поцали и Милчо Манчевски и е дел од концептот „Јажето на 41-та паралела“, симболична линија што поврзува различни култури и простори, вклучително и Скопје и јужна Италија.

„Сакав линија што обединува, а не разделува и виното е дел од тоа патување. Како патување, таа линија тргнува од јапонскиот остров Хоншу, минува низ Азија и Медитеранот, со симболична станица во Скопје – родниот град на Манчевски, за да заврши во Неапол, под Везув“, рече Поцали.

Во проектот учествува и Манчевски преку визуелниот идентитет на виното. За првата берба е избрана неговата фотографија „Гинко“ (2011), за која режисерот вели: „Ливче фатено во вода, водата фатена во метален квадрат, квадратот фатен во наполу обоен бетон. Суштината на природата опстојува, како во чаша вино“.

Ова е петто вино во серијата „Пред дождот“, по претходните изданија создадени на Етна, во словенечкиот Карст, Тоскана и Франчакорта. Најновото вино моментално одлежува во шише и ќе биде претставено во специјална пригода.

„Ова е вино создадено за споделување, не за масовен пазар“, нагласи Поцали, додавајќи дека проектот ќе продолжи со идни ограничени берби со јасен авторски печат и силна врска меѓу виното, времето и местото.

Next Post

Телефонски разговор Муцунски - Нејнски, најавена билатерална средба

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk