ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николоски од Вашингтон: САД остануваат стратешки партнер број еден на Македонија

March 11, 2026 13:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот Александар Николоски остварил работни средби во Стејт департмент на САД во рамки на работната посета на Вашингтон, на кои се разговарало за стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, соопшти Министерството за транспорт.

На средбата со Даниел Лоутон, заменик помошник државен секретар задолжен за Европа, било истакнато силното партнерство меѓу двете земји засновано на меѓусебна поддршка, демократски вредности и заедничка посветеност за економска и трговска соработка.

Во изјава по средбите во Стејт департментот, Николоски посочи дека САД се клучен партнер за Македонија.

„Денеска во американскиот Стејт департмент остварив неколку средби на високо ниво на кои разговаравме за односите меѓу нашите две држави. САД се стратешки партнер број еден на Македонија, држава која што најмногу ја поддржува Македонија и разговаравме за заедничката економска и политичка соработка“, изјави Николоски.

Фокус на економската соработка и коридорите 8 и 10

Според Николоски, на средбите се разговарало и за продлабочување на економската соработка, особено во областа на енергетската транзиција и инфраструктурата.

„Зборувавме за економската соработка пред сè во делот на енергетската транзиција и изградба на коридорите. Зборувавме за паневропските коридори 8 и 10 кои што поминуваат низ Македонија и кои што се витално значајни за економијата и безбедноста на нашата држава“, изјави тој.

Тој додаде дека се разговарало и за соработката во рамки на НАТО и за заедничките операции во актуелниот безбедносен контекст.

„Очекуваме повторно да се активира Стратешкиот дијалог каде ќе разговараме за заедничките предизвици што ги имаат двете држави“, рече Николоски.

Очекувања за трговски договор меѓу двете држави

Николоски најави и можност за напредок во трговската соработка меѓу Македонија и САД.

„Тука е и трговскиот договор кој што треба да овозможи многу повеќе бизнис, многу повеќе трговија помеѓу двете држави и секако стратешкото партнерство кое што треба да значи просперитет, напредок, безбедност и прозападни вредности на Македонија“, изјави Николоски.

Во рамки на посетата на Вашингтон, вицепремиерот денеска ќе се обрати и на глобалниот настан Transforming Transportation 2026, посветен на иднината на транспортните политики и инфраструктурата.

Next Post

Средба Филков – Маричиќ: ДИК ќе достави предлози за измени во изборното законодавство

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk