ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

March 26, 2026 18:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од државата, одговори вицепремиерот Александар Николоски на пратеникот од Левица, Амар Мецановиќ, на седницата посветена на пратенички прашања.

Додека државата води политика на олеснување на инвестициите, партијата Левица води популистички политики на создавање на хаос, истакна вицепремиерот Николоски.

“Менуваме Правилник со кој Правилник овозможуваме побрзо да оди урбаинизацијата со цел да можат да се градат нови маркети и да се создава конкуренција, еве имаме најава од два големи ланци, Лидл и Шпар веќе се тука. А вие повторно пуштатe монтирани соопштениja со слики монтирани од мене, од премиерот, на овој што Ве формираше, па сте ја ставиле во позадина сликата на тој што Ве формираше. Јас сум долго во политика и прашајте го Димче Апасиев како сте формирани. Јас ке ви кажам, со директна материјална подршка на Сашо Мијалков кој сега го обвинувате за градење на хотел во Охрид и ние не сме ги спречиле! И која ви беше улогата во 2015 година, да ја рушите Шарената револуција. И сега правите монтажа и на таа слика не обвнинувате зошто полесно ќе се градат хотели надвор од градови, надвор од Национални паркови, надвор од заштитени подрачја, надвор од заштитата од УНЕСКО. Па се молиме да дојдат инвеститори, зашто тие хотели носат пари, носат вработувања за да не се иселуваат младите, носат туристи и носат пари. А овие маркетиве кои ќе влегувааат носат поевтини цени затоа што не јас туку Комисијата за заштита на конкуренција кажа дека има картелско здружување. Па се донесе Законот за добри трговски практики, почнаа да регистрираат ПР и маркетинг агенеции надвор од државата, па таму ги тераат производителите да се рекламираат. Е затоа ги правиме овие измени, одговори Николоски.

Тој додаде дека се смени закон за полесно да се градат улилишта, болници катни гаражи, и потенцира дека и во тој случај Левица правела хистерија и повикувала законот да не се потпишува.

“Правевте хистерија, баравте од претседателката да не го потпишува законот. Кај е урбаниот хаос кој што велевте дека ке се случи? Гледам, многу сте загрижени за Охрид. Знаете колку е цената на квадрат во Охрид, 4000 евра? .Заради такви како вас затоа што правите хистерија. Се кандидиравте за градоначалник на Скопје. Како планиравте градот да го водите со ваква хистерија. Даноци кој ќе плаќа, буџетот како ќе се полни? Лесно е да водите ултра пополустички политики, ама тие ви се удираат во ѕид. Еве ја следиме вашата политика во урбанизаицјата и цената на квадратот стигна до 2500 евра за квадрат. Ако продолжиме, 5000 евра ќе стигне”- одговори вицепремиерот Николоски.

 

Next Post

Лукаревска до Трипуновски: Ги излажавте оризопроизводителите, субвенциите доцнат, а откупната цена е катастрофална

Shortcut

Најново

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

Летно читање за немирни умови: две изданија на Frontline Press во „Или-Или“

June 9, 2026

Цаневска-Арсовска со три прашања до Ѓеорѓиевски: Каде се парите на скопјани, кој ги именува директорите и зошто Скопје се дави во смет?

June 9, 2026

Мицкоски: За новиот клинички центар разгледуваме локација кај базенот „Борис Трајковски, кој заедно со  „8 Септември“ и поликлиниката Букурешт би бил еден целосен комплекс

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk