ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Македонија од држава за потсмев во криза, сега е фактор на енергетска стабилност

March 26, 2026 18:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на собраниската седница за пратенички прашања за состојбите и плановите во енергетскиот сектор, потсети на моментите во енергетскиот сектор кога новата Влада ја презема извршната власт, оценувајќи ја како алармантна и катастрофална состојба.

„Катаклизмична состојба во август, септември 2024 година, со акумулации на некои 7 до 8 проценти, јаглен на депонија во РЕК Битола од 20-30 тони доволни за еден блок да работи 5-6 дена, неремонтирани рударски машини, незавршени јавни набавки, неремонтирани производни блокови, Осломеј Кичево запуштен и запоставен како споменик од некое транзициско време. Една катастрофална состојба. Денес во услови на криза, не цели две години потоа, година и половина, имаме 150-160 илјади тона јаглен депонирани на двете депонии во Битола и во Кичево, имаме акумулации на околу 40 проценти количина на вода, обезбедени количини на гас заклучно со месец април потребен за затоплување на Скопје, и во моментов АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, извезува во ноќните часови во вредност којашто носи на компанијата околу 100 до 150 илјади евра на ден, во зависност од количината и цената на берзите во денот. И ова е состојбата во услови на најголемата енергетска криза за којашто експертите велат дека е поголема од онаа енергетска криза во седумдесеттите години на минатиот век, кога дневно недостасувале околу 8 до 10 милиони барели нафта, а денес меѓу 11 и 12 милиони барели нафта. Волуменот на кризата е сличен. И ние во пикот на оваа криза не само што сме стабилни туку и извезуваме стабилност во регионот, нешто што до сега е невидено од нашата држава во услови на криза“, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски оцени дека со тоа репутацијата на Македонија е променета до степен дека се бара помош од нас.

„Во услови на епска криза ние, компанија од Македонија, снабдуваме неколку аеродроми со керозин. Замислете сега ние да донесеме одлука на Влада, да нема изнесување. Тие аеродроми ќе се снајдат, но со поинаква цена. Но тоа директно ќе влијае на картите авионски, на транспортните трошоци, директно ќе влијае на инфлацијата во тие држави. Тоа го прави оваа Македонија денес. Не онаа којашто правеше свадба на граничен премин за донација од 5.000 вакцини, туку оваа Македонија денес“, посочи Мицкоски којшто ги искоментира и предлозите од опозицијата во врска со надминување на енергетската криза, како популизам и предлози коишто и самите тие кога имаа можност не ги применуваа во кризни периоди.

Мицкоски во одговорот ги посочи и плановите за предлог за заеднички настап на регионот пред светските инвеститори, а во врска со светските состојби и потреба од електрична енергија.

„Токму затоа мислам дека е добро за целиот регион, бидејќи прашавте за идните планови, а за тоа ќе зборувам на следниот Самит ЕУ, Западен Балкан во Подгорица во јуни, да се организираме регионално. Преносните мрежи, далекуводните, гасните конектори и цевководи немаат шенген, тие се интегрирани во европскиот систем. Нема преговори или Уставни измени. И тоа е наша предност како регион, нема да бидеме препознаени ако одиме секој сам, индивидуално нема да бидеме препознаени од светските инвеститори. Го зборував ова во едно интервју, каде ја гледам шансата. Директорот на светската енергетска агенција, Фатих Бирол, со мене беше на панел во Давос, вели, во следната деценија во светот ќе недостасуваат 40 илјади теравати инсталиран капацитет. Како регион ако си поставиме цел, здружено да се претставиме пред потенцијалните инвеститори, и од тие 40 илјади теравати, да донесеме 0,01 процент. Тоа е 4 теравати, тоа се 4 трилиони американски долари инвестиции. Поделено на 10 години тоа се 400 милијарди долари годишно. Потенцијални инвестиции во делот на енергетиката, регионална иницијатива. Ако успееме ова како држави од регионот да го направиме, верувајте ќе бидеме препознаени од инвеститорите и ќе го трансформираме нашето општество, бидејќи, вкупните наши вредности на номинален БДП се околу 250 милијарди долари. А замислете да донесеме 0,01 процент ако ги донесете тука, а имаме можност тоа да го направиме. Второ е прашањето дали имаме доволно градежна оператива, преносни врски, логистика за сето тоа, тоа е прашање на организација. Но прво треба сите ние да сме свесни дека ова е проект којшто нас не обединува и прави трансформација на нашите економии и на нашите системи“, оцени премиерот Христијан Мицкоски во одговор на собраниската седница посветена на пратенички прашања.

Next Post

СДСМ: Мицкоски му дели задачи на обвинителот од говорница – ова е погребување на правдата

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk