„На сите верници од исламска вероисповед им го честитам денешниот голем празник Курбан Бајрам.
Курбан Бајрам е симбол на човечноста, пожртвуваноста и грижа за сите. Овој голем празник нè потсетува дека вистинските вредности се во солидарноста, подадената рака и подготвеноста секому да се помогне.
Во духот на празникот, да покажеме разбирање, почит и повеќе грижа едни за други. Да не заборавиме дека силата на едно општество се мери токму преку тоа колку сме обединети, хумани и подготвени заеднички да ги надминуваме предизвиците.
Нека празничните денови донесат духовен мир, здравје, радост и благосостојба во секој дом.
Нека е честит и благословен Курбан Бајрам!“, стои во честитката на претседтаелот на СДСМ, Венко Филипче.






































































































