Мицкоски и неговата банда се грижат само за себе, додека младите и идните генерации ја плаќаат цената за нивните погрешни политики, лаги и блокирање на европската иднина на државата, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Претседалот на СДСМ директно му се обрати на Мицкоски.
„Лесно ти е тебе и на твојата банда. Се грижите само за вас. На крај памет не ви паѓа како живеат граѓаните тука во државата“, порача Филипче.
Тој истакна дека најголемата цена за политиките на Владата не ја плаќаат функционерите на ВМРО-ОКГ, туку граѓаните, нивните семејства и младите генерации
„Лесно е на оваа власт, со пари од партиски тендери, пари на граѓаните кои секојдневно ги грабаат и со бугарски пасоши во џебовите. Но граѓаните и следните генерации тоа не го заслужуваат“, рече Филипче.
Претседтаелот на СДСМ предупреди дека младите ќе бидат најголемите жртви на криминалните политики на Мицкоски додавајќи дека никој нема право тоа да и да го прави на Македонија.
„Немате право, ниту политичко ниту морално, ова да ѝ го правите на Македонија и на генерациите кои со години чекаат да се случи европската приказна, посебно на новите и младите генерации. Ги плашат луѓето дека постои ризик за идентитетот и јазикот, само за да не се случува ништо и за да можат да продолжат со партиските тендери. Ништо друго не се случува. Тоа е концептот на владеење на оваа група“, рече Филипче.






