ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН СЦЕНА

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026 11:58
in ДЕНЕС, СЦЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Неодамна, се појави првото музичко издание , песната,„Трофеј“ од младиот автор и музичар Борјан Диневски. Официјално, неговата песна се појави на 24 јуни годинава и стана дел од музичката летна понуда за македонската публика.

По тој повод, Градска Редакција направи интервју со Борјан, новото име на музичката сцена.

ГРАДСКА РЕДАКЦИЈА: Кажи ни нешто повеќе за себе. Кој е Борјан Диневски?

БОРЈАН ДИНЕВСКИ: Имам 18 години, 4-та година сум во Гимназијата ,,Орце Николов”. Ова е мое дебитантско појавување во музичкиот свет. Затоа ми е многу важна вашата поддршка и би ми значело многу ако вашите читатели ја слушнат и споделат песната.

ГРАДСКА РЕДАКЦИЈА: Кој е автор на музиката и текстот?

БОРЈАН ДИНЕВСКИ: Комплетен автор на музиката и текстот, како и  продуцент  на песната ,,Трофеј” е Александар Масевски, а  официјалниот видео запис е во продукција на TCG.mk.

Масевски беше иницијатор да ја снимам оваа песна иако немам формално музичко образование, а и да бидам искрен, претходно немав некакви јасни амбиции за влегување во овие води. Многу сум благодарен што тој во мојот глас пронајде нешто вредно, кое може достојно да ја донесе неговата песна.

ГРАДСКА РЕДАКЦИЈА: Пееш со љубов за љубовта. Како гледаш на музиката и што друго го окупира твоето внимание?

БОРЈАН ДИНЕВСКИ: Музиката ја сакам отсекогаш, и сметам дека во пеењето најважно е срцето – тоа што го чувствувам е она што  се слуша во мојот глас. Освен музиката, моите интереси се насочени кон природните науки, кон математиката, но исто толку и кон странските јазици, психологијата, драмската  уметност, кон  уметноста воопшто.

ГРАДСКА РЕДАКЦИЈА: Опиши ни ја својата песна со твои зборови.

БОРЈАН ДИНЕВСКИ: „Трофеј“ е современа поп/афробит песна, а летната атмосфера и нејзиниот модерен звук  се вклопуваат со периодот кој следи. Текстот ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите луѓе како мене. Создадена е да донесе свежина во програмата на радијата и медиумите.

ГРАДСКА РЕДАКЦИЈА: Ја цениме твојата скромност, а уште повеќе енергијата и талентот. Ти посакуваме многу успех, Борјан.

БОРЈАН ДИНЕВСКИ: Многу ви благодарам.

Извор: ГРАДСКА.МК

Shortcut

Најново

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk