ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Летно и зимско поместување на стрелките на часовникот до 2021 година

Според мислењата на повеќе експерти, за нашите временски прилики, останувањето во летно сметање на времето е подобра опција за Македонија

October 18, 2019 11:02
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Преминот од летно во зимско време првпат е забележано во 1916 година во земјите од северот на Европа, а сезонски начин на промена на времето прифатиле околу 70 држави, главно на северната хемисфера.

Европската комисија во септември минатат година го објави предлогот за укинување на полугодишното поместување на часовникот во ЕУ во 2019 година, давајќи им на земјите-членки слобода да одлучат дали сакаат да го задржат летното или зимското сметање на времето.

Претседателот на Европската комисја Жан-Клод Јункер, во таа прилика рече: „Мора да престанеме со поместувањето на стрелките на часовникот“.

Според  тој предлог на Европската комисија, секоја земја членка до април 2019 требаше да одлучи дали ќе остане во летно, или во зимско сметање на времето. На 31 март 2019 година, беше последното задолжително поместовање во летно сметање на времето.

Предлог одлуката на Европската комисија за прекинување на сезонските промени на времето, во март лани е потврдена од Европскиот парламент, но сè уште е во фаза на одобрување од  Советот на министри. Според тоа, последната промена на сезонската промена би можела да е во последната недела од март 2021 година, ако се одлучат за летно сметање на времето, или во последната недела во октомври 2021 година ако се одлучат за зимското сметање на времето.

Досега, од земјите-членк на ЕУ за укинување на летното време се изјаснети: Литванија, Естонија, Летонија и Финска.

Неколку европски земји што не се членки на ЕУ, веќе престанаа да се префрлаат меѓу летното и зимското време, а меѓу нив се: Русија, Турција, Белорусија и Исланд.

Во Македонија во склоп на СФРЈ, летно-зимско сметање на времето е воведено во 1983 година, а во независна Македонија во 1996 година менувањето на летно и зимско сметање на времето е утврдено и со Закон за сметање на времето.

Владата на С. Македонија нема донесено конечна одлука за укинување на сезонските промени на времето и оттаму велат дека ќе ги следат одлуките на ниво на ЕУ. Тоа значи дека ќе имаме летно и зимско поместување на стрелките на часовникот до 2021 година. Порано разденување и порано стемнување ќе имаме од 27 октомври 2019 година, кога стрелките на часовникот ќе ги поместиме за еден час наназад.

Според мислењата на повеќе експерти, за нашите временски прилики, останувањето во летно сметање на времето е подобра опција за Македонија. Објаснувањата се дека, ако се остане на летно сметање на времето, најраното стемнување би било околу 17.30 часот што за био-ритамот на современиот човек е многу подобро отколку тоа да е во 16.30 часот што ни се случува кога имаме зимно пресметување на времето.

Во стручната јавност се води дебата и за тоа дали Македонија е во вистинската временска зона. Засега, преовладува мислењето дека треба да останеме во средо-европската часовна зона, за разлика од тоа дека треба да ја смениме часовната зона и да бидеме источно-европската во која се Грција и Бугарија.

Велика Британија, Ирска и Португалија го сметаат времето по Гринич. Од ЕУ осум земји-членки применуваат плус два часа во однос на средното време по Гринич: Финска, Грција, Бугарија, Романија, Кипар, Естонија, Летонија и Литванија.  Другите земји-членки на ЕУ: Чешка, Данска, Австрија, Белгија, Хрватска, Франција, Германија, Унгарија, Италија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Словачка, Словенија, Шпанија и Шведска се плус еден час по Гринич, или во иста часовна зона како и Македонија.

Ј.Ѓ

Next Post

Мицотакис со поддршка на ЕУ перспективата на соседите, СИРИЗА го поздравува „салтото“ на владата

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk