fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Мицотакис со поддршка на ЕУ перспективата на соседите, СИРИЗА го поздравува „салтото“ на владата

Од СИРИЗА коментираат дека можеби следниот пат, Мицотакис наместо „северни соседи“, ќе изговори „Северна Македонија“

October 18, 2019 11:59
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Поддршка за членство во ЕУ за северните соседи, изрази премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис пред почетокот на вчерашниот самит на Унијата, позиција која од опозициската СИРИЗА ја коментираат како големо „салто“, но истовремено и ја поздравуваат, пренесе МИА.

Грчкиот премиер рече дека за Западен Балкан, Грција е столб на стабилноста, изрази поддршка за членство во ЕУ, но доколку се почитуваат меѓународните договори, владеењето на правото и малцинските права – став кој Атина го изразува во однос на Албанија.

-Го поддржуваме патот до членство на ЕУ за нашите северни соседи, под услов целосно да ги почитуваат меѓународните договори што ги имаат потпишано, да се посветени на владеењето на правото и секако да ги почитуваат правата на малцинството, рече Мицотакис пред почетокот на Самитот на ЕУ.

Изјавата на грчкиот премиер, преку соопштение ја коментираа од опозициската СИРИЗА.

-Го поздравуваме ова големо салто на господинот Мицотакис сега кога бара почеток на интегративниот тек за Северна Македонија и целосно почитување на Договорот од Преспа, соопштуваат од опозициската СИРИЗА и додаваат дека тоа е во корист и на Грција и на Европа.

Од СИРИЗА коментираат дека можеби следниот пат, Мицотакис наместо „северни соседи“, ќе изговори „Северна Македонија“.

-Следниот пат кога ќе ги спомене нашите „северни соседи“, можеби и ќе успее да изговори и „Северна Македонија“, велат од грчката опозициска партија, истакнувајќи дека „борците за Македонија“ кои му помогнаа да дојде на власт, „сега сфаќаат дека ги измами“. 

НАЈНОВО

Ковачевски: Со ефикасен даночен систем и позитивни политики ја обезбедуваме финансиската стабилност на државата

December 1, 2023

Костадиновска-Стојчевска: Ја усогласуваме законската регулатива, за подобра заштита на културното наследство

December 1, 2023

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласа уставните измени, нека нема техничка влада и да одиме на избори

December 1, 2023

НАЈЧИТАНО

  • „Њујорк Тајмс“: Израелските власти знаеле за планот за напад на Хамас една година порано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонски медиуми снесле јајце со ликот на Лавров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невиден срам за „медиумските ловорики“ по пресот на Лавров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лавров, седнат на бајонет, цинично и бездушно расправа за „колективниот Запад“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Оставете го Лавров на мира!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk