ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Анкетата на Стопанска комора: Девет од десет фирми не планираат затворање, ниту отпуштање на работниците

Во однос на прашањето за отпуштање на работниците, 86,2 отсто се изјаснија дека нема да ги отпуштат вработените, 13 проценти дека ќе ги отпуштат, а само 0,8 отсто дека веќе ги отпуштиле. Ова потврдува дека стопанствениците се свесни за важноста на работната сила, во која патем е и инвестирано за успешно натамошно работење на претпријатијата, а соодветно на тоа и за потребата колку што е можно повеќе да ги задржат работниците во редовен работен однос, вели во видео-изјавата економскиот советник на Управниот одбор на Комората, Зоран Јовановски.

April 22, 2020 10:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Речиси половина или 48 отсто од фирмите нема да ги пратат работниците на принуден одмор, 19 проценти ќе ги пратат на принуден одмор, 19 отсто веќе ги пратиле на принуден одмор, а 13 проценти размислуваат за друга можност, покажува анкетата на Стопанската комора на Македонија спроведена од 7 до 14 април со цел анализа на последиците од коронавирусот, пренесува МИА.

– Во однос на прашањето за отпуштање на работниците, 86,2 отсто се изјаснија дека нема да ги отпуштат вработените, 13 проценти дека ќе ги отпуштат, а само 0,8 отсто дека веќе ги отпуштиле. Ова потврдува дека стопанствениците се свесни за важноста на работната сила, во која патем е и инвестирано за успешно натамошно работење на претпријатијата, а соодветно на тоа и за потребата колку што е можно повеќе да ги задржат работниците во редовен работен однос, вели во видео-изјавата економскиот советник на Управниот одбор на Комората, Зоран Јовановски.

Според анкетата, во однос на финансиите, 44 отсто од фирмите немаат проблеми со ликвидноста, додека 56 проценти, очекувано, имаат проблеми со ликвидноста. Притоа, 65 отсто од фирмите имаат кредити за отплата, а 35 отсто немаат кредити за отплата. Вкупно 81 отсто пријавиле одреден процент на откажување на договорените аранжмани или работа на претпријатието. Притоа, 35 отсто пријавиле дека процентот на откажување на договорените аранжмани или работа е поголем од 50.

-И покрај проблемите со кои се соочуваат претпријатијата во однос на производството, извозот, увозот, прометот и синџирот на добавувачи, радува сознанието дека 71 отсто не размислуваат за затворање на претпријатието, а дополнителни 21 процент размислуваат за затворање само на еден дел од претпријатието. Ова може да се поврзе со фактот што дури 79 отсто од анкетираните претпријатија работат повеќе од 10 години на пазарот. Според анкетата, осум проценти би го затвориле претпријатието во целост, посочува Јовановски.

Во анкетата, фирмите се изјасниле и која од економските мерки на Владата планираат да ја искористат.

-Најголем дел од анкетираните фирми, 30 отсто, планираат да ја користат мерката – 14.500 денари месечно по вработен за април и мај, за компании погодени од кризата или 50 отсто од трошоците за придонеси за секој вработен. За користење на мерката – задолжително користење на првиот дел од годишниот одмор се изјасниле 26 отсто од претпријатијата. Мерката – одложување на кредитите кај банките и пролонгирање на отплатите, репрограмирање, грејс период, поповолна каматна стапка и слично, ќе ја користат 12 отсто од анкетираните претпријатија. Мерката – дополнителни бескаматни кредити за фирмите од нови осум милиони евра од Развојната банка на Северна Македонија ќе ја користат седум проценти од претпријатијата, а исто толку  се изјаснија и за користење на мерката – 50 милиони евра евтини кредити од Развојната банка на Северна Македонија, вели Јовановски.

Ова е втора анкета на Стопанската комора, по објавената минатиот месец, а  вклучува одговори на компании што лани заедно имале вкупни приходи од 94,4 милијарди денари или 1,53 милијарди евра.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонскиот оркестар „Фејмс“ дел од спектаклот за најавата на „Дизниленд Абу Даби“

May 14, 2025

Жерар Депардје прогласен за виновен за сексуален напад на снимање филм

May 14, 2025
Handy Wicaksono / Unsplash

Белгија: Поштарот во борбата против осаменост и депресија кај старите лица

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk