Зголемувањето на акцизата на нафтата и нафтените деривати како една од економските мерки наиде на позитивни, но и негативни реакции од потребата на истите. Кои се негативните, а кои позитивни ефекти на ова мерка врз економијата, што таа претставува и кој најмногу ќе има бенефит од нивното зголемување се прашањата што ги поставивме на универзитетскиот професор Ванчо Узунов.
Дали ќе може да дадете ваш коментар за тоа што значи мерката за зголемување на акцизата на нафтата?
Работата е во тоа што сега имаме од оваа здравствена криза, економска криза и економијата не работи, голем број на граѓани остануваат без плати и било кој друг вид на приходи и заради тоа очите им се вперени кон буџетот кон државата да им обезбеди барем минимален животен стандард. Тоа е нормално и тоа е нејзина задача на владата, меѓутоа иста економска криза го погоди буџетот и во него има недостаток на пари не само за редовно работење туку и за основно работење. За да може државата да ја добавува својата задача мора и да го полни буџетот. Тука се можни повеќе или неколку видови на приходи, еден од тие е и оваа акциза. И тоа е целата суштина на тоа зошто е воведена точно во овој момент бидејќи, во сите негативни движења на економски во оваа криза, една работа во случајот на Македонија среќна околност е што падна цената на нафтата на светските пазари, ние во тоа никако не учествуваме во формирање на таа цена, за нас е таа дадена и кога ќе падне за нас е корисна. Бидејќи во Македонија никој не остварува приход од продажба на нафта, туку само трошок, за нас кога е пониска цената е убаво. Да сме арапска земја или Америка, ќе беше и негативно, но не сме и баш ни е убаво. И тоа е една среќна околност, случајност. Владата може да искористи, има сега еден простор условно слободни финансии кои што можат да се искористи дел од нив за дополнување на буџетот и тоа е мерката, се воведе таа акциза од три денари за литар, за да се наполни буџетот не целиот меѓутоа еве една дупка да се пополни.
Како според вас ќе влијае зголемувањето врз економијата на државата?
Работата е што не може да влијае негативно, може да влијае на економијата не многу позитивно меѓутоа на стандардот на граѓаните на оние што им требаат пари, позитивно. Зошто велам не може да влијае негативно бидејќи доаѓа после пад на цената. Ние бевме навикнати да работиме во некоја рамнотежна ситуација со цена која што беше скоро 40 проценти повисока. И сега кога има пад, тоа делува позитивно, акцизава не го зема целиот тој пад на себе туку само дел. Така што на економијата не може да предизвика инфлација, никому не може да му ги расипе билансите до таму да биде во загуба, бидејќи, повторно тие што јa користат нафтата имаат сега пониска цена, а дел ќе го наполни буџетот. Среќна околност е.
Врз кои сектори мислите дека најмногу ќе влијае ова зголемување, позитивно или негативно?
Позитивно ќе влијае на оние кои што ќе добијат средства, буџетот ќе собере повеќе средства и тие ќе имаат пари. Позитивно ќе влијае на буџетот бидејќи тој мора да се полни и ова е веројатно во моментот нај евтиниот извор на средства, дополнителни средства во буџетот. Еве нека бидат 20 милиони евра до крајот на годината од оваа акциза дополнително што ќе се добијат, планирани се 30 милиони, но нема да биде толку целиот приход бидејќи нема активност, еве 20 милиони да бидат, на кој друг начин да ги најде Македонија тие пари ќе бидат поскапи. Така што тоа е тој позитивен ефект, негативен не можам да видам, некои велат нас ќе не погоди акцизата, транспортните компании.
Според Вас дали воопшто има некаков негативен ефект?
Нема, затоа што тие имаат свои цели поставено на ниво на цена од нафта тоа за нив е трошок во процес на производство кое што беше 40 проценти повисока, сега е 40 проценти по ниска цената, и да им се земе дел тие повторно се во добивка, не толку голема. Но ефектот од друга страна како јавен расход што ќе прави буџетот е голем, така што јас не знам во оваа ситуација некој да се буни, нема логика.
Искра Ежова
монтажа и обработка на текст: Ариан Мехмети