ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Виртуелен состанок на министрите за култура под покровителство на УНЕСКО

Од тие причини, истакна тој, од особено значење е континуитетот на соработката и солидарноста меѓу земјите, како и поддршката на УНЕСКО во насока на размена на искуства.

April 22, 2020 17:49
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во организација на УНЕСКО, денеска се одржа првиот виртуелен состанок на министрите за култура  од земјите членки посветен на влијанието на здравствената криза, предизвикана од пандемијата на вирусот КОВИД 19, врз културниот сектор, на кој учествуваше и министерот Хусни Исмаили.

На виртуелниот состанок, кој всушност претставува продолжение на Форумот на министри за култура одржан на 19 ноември 2019 година, министрите информираа за мерките што се иницираат или се преземаат во рамките на нивните национални политики и разменија мислења во врска со идните чекори што треба да се преземат на регионално и на меѓународно ниво во насока на надминување на последиците од кризата.

Министерот Исмаили во рамките на виртуелниот состанок информираше за актуелните предизвици со кои се соочува Министерството за култура при имплементацијата на мерките и уредбите усвоени од страна на Владата  и на Министерството за здравство во услови на вонредна состојба во нашата земја.

Од тие причини, истакна тој, од особено значење е континуитетот на соработката и солидарноста меѓу земјите, како и поддршката на УНЕСКО во насока на размена на искуства.

Инаку, целта на виртуелниот состанок во организација на УНЕСКО е да се овозможи воспоставување платформа за редовен дијалог со министрите за култура, во насока на иницирање заедничка рефлексија за влијанието на здравствената криза врз културниот сектор на глобално ниво, да се идентификуваат економските и социјалните последици врз културниот сектор во целина, како и заложбата за мобилизација на властите и на меѓународната заедница во насока на поддршка на културниот сектор.

 Состанокот е од особено значење поради можноста за размена на искуства меѓу првите засегнати земји од пандемијата и државите каде што кризата сè уште се развива, а со цел воведување мерки за превенција, како и мерки со кои преку прелиминарни проценки на состојбата во културата и во културниот сектор на национално ниво би се ублажило влијанието од кризата.

Исто така, овој состанокот  отвори можност за дијалог во врска со мерките што треба се преземат во иднина, а со цел да се донесат препораки со кои би се ублажило влијанието на здравствената криза врз културниот сектор на краток, среден и долг рок.

На состанокот, министрите за култура потенцираа дека пандемијата од вирусот КОВИД 19 уште еднаш потсетува дека културата е од суштинско значење за општествениот развој и претставува вектор на еластичност и развој на човекот од социјален и економски аспект.

Од тие причини, културата неминовно треба да биде интегрирана во рамките на владините политики и да го даде својот придонес во надминувањето на оваа невидена криза.

Next Post

Узунов: Се очекуваат позитивни ефекти од поскапувањето на акцизите за нафта

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk